Кога стресот преовладува, ние ви нудиме природно решение

Стресот не е ништо ново, тој бил присутен кај луѓето уште од најстари времиња, разликата е во тоа што во денешниов, динамичен начин на живот се соочуваме со многу повеќе предизвици. Проблем настанува кога не можеме да го контролираме, тогаш потребно е да побараме помош, бидејќи физиолошките промени предизвикани од стресот можат да доведат до здравствени промени како што се: чир на желудник и дуоденум, висок крвен притисок, дијабетес и депресија.

Во природата постои растение кое дава ефикасна поддршка во надминување на стресот. Тоа е билката Rhodiola rosea (златен корен или арктичка роза) која живее во многу тешки услови на највисокиот планински венец во светот, Хималаите, на надморска височина повеќе од 6000 метри. Нејзиниот позитивен ефект во Тибет им бил познат уште одамна на владетелите од династијата Кинг, потоа војниците ја користеле како средство за поголема енергија и издржливост. Постојат и клинички испитувања кои го потврдуваат нејзиното дејство. На пример експериментите на италијанскиот универзитет во Камерино потврдија дека и еднократно користење на екстракт од оваа билка го намалува акутниот стрес.

Нашата широка палета на производи го содржи и производот Rhodiolin кој ја содржи билката Rhodiola rosea и тој е ден од нашите најпопуларни производи. Искуството покажува дека активните состојки на растението имаат позитивен ефект врз централниот нервен систем, ги зголемуваат менталните и физичките перформанси, концентрацијата, помагаат во управувањето со стресот, го намалуваат менталниот замор, чувството на страв, депресија и придонесуваат за општа благосостојба. Неговото дејство на нервниот систем се остварува преку делување на серотонинот, норадреналинот и допаминот.

Покрај дејството на нервниот систем, познати се многу други позитивни дејства на оваа билка врз целокупното здравје на човекот. Делува врз срцевиот мускул и спречува појава на аритмија бидејќи ја зголемува снагата на мускулните влакна на срцето, ја зголемува контракцијата, а со тоа го намалува уморот. Ја регулира работата на штитната жлезда, помага при климактерични тегоби. Постојат научни докази дека ја регулира функцијата на јајниците. Го зголемува имунитетот и спречува нуспојави предизвикани од цитостаци.

Оваа е адаптогена билка и организмот брзо го враќа во хомеостаза. Благодарение на оваа особина оваа билка не предизвикува зависност, нема несакани ефекти и нејзиниот ефект не се намалува и после подолга употреба.

Овој препарат е дополнет со цинк, кој дополнително ја подобрува отпорноста на организмот од болести.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑