Какаото и неговото влијание врз здравјето

Историјата на какаото почнува уште од цивилизацијата на Маите, а европските освојувачи го откриле во 16 век и набрзо потоа станал лек за повеќе болести. Се добива со мелење на зрната какао и отстранување на мастите. Денес во најголема мера се користи за производство на чоколада.

Какаото има повеќе позитивни ефекти врз здравјето:

Едно од најважните дејства е антиоксидантното, што подразбира смалување на нивото на оксиданти.

Какаото има важна улога во намалување на крвниот притисок, исто така го намалува ризикот од инфаркт бидејќи го намалува и нивото на штетен холестерол во крвта и се овозможува снабдување со кислород и хранливи материи на сите клетки и ткива.

Ја подобрува функцијата на мозокот и штити од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Какаото го подобрува расположението, истражувањата покажуваат дека какаото го претвора триптофанот во серотонин, познат како хормон на среќа и така влијае на расположението и затоа има позитивни ефекти во подобрување на расположението кај лица кои страдаат од депресија.

Ја регулира телесната тежина, бидејќи го зголемува искористувањето на масти за добивање на енергија, го зголемува чувството на ситост и го намалува апетитот.

Ги олеснува симптомите на астма бидејќи е голем извор на теофилин и теобромин

Поради вазодилатантниот ефект на теоброминот и кофеинот може да се користи и за зголемување на либидото.

Искористете ги сите корисни ефекти на какаото преку нашиот производ Cocoa Bean Extract +

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑