
Со доаѓањето на пролетта се повеќе сакаме да бидеме надвор и да уживаме во природата. Но, движењето не е секогаш пријатно доколку имате болни или воспалени зглобови. Затоа ќе Ве запознаеме со три наши производи кои ќе бидат поддршка на Вашите зглобови и ќе Ви овозможат да уживате во пролетните прошетки.

Joint Protex и Joint Protex Forte се главни производи во пролетната понуда на Calivita. Тие се совршен комплекс од активни супстанции кои обезбедуваат одлична поддршка за регенерација на ’рскавицата и производство на синовијалната течност. Производите ги содржат добро познатите зајакнувачи на зглобовите глукозамин и хондроитин, потоа МСМ и хијалуронска киселина кои го помагаат создавањето на синовијалната течност како и билки кои имаат антивоспалителни својства. Комбинацијата од сите овие состојки заедно со сигурност обезбедува комплетна поддршка на Вашите зглобови.
Уште еден производ кој ја намалува болката во зглобовите и го ублажува воспалението е Curcuma Pro. Неговото дејство е резултат на антиинфламаторната моќ на куркумата за којашто клиничките испитувања покажале дека е на исто ниво со нестероидните антиинфламаторни лекови, само без несакани ефекти. За полесно да се апсорбира и да се постигне подобар ефект додаден е BioPerine®, екстракт од бибер и микронизиран куркумин (MicroActive®)

Додека овие производи делуваат внатрешно Rescue Gel со својот смирувачки и разладувачки ефект ќе Ви овозможи брзо намалување на болката. Тој содржи билни активни состојки: рузмарин, ментол, камфор, арника, ѓаволска канџа, алое вера и други билки кои со години наназад се покажаа ефикасни против болки во зглобовите. Сите овие билки се од органско производство. Овој гел за прва помош е добро секогаш да го имате со себе бидејќи е ефикасен и при изгореници од сонце и каснување од инсекти.


Веруваме дека со овие наши производи сега сте добро подготвени за пешачење. Не заборавајте да земете и многу вода со Вас. Уживајте во сончевите зраци!





Напишете коментар