
Многу луѓе веруваат дека натписите во списанијата и објавите на социјалните мрежи се доволни за нивните членови редовно и самостојно да ги купуваат производите и за време на летниот одмор. Но, искуствата покажуваат дека е добро редовно да се разговара, дури и со регистрираните членови, пред да купат.

Помогнете им на Вашите членови во изборот!
Вие како спонзори сте најстручни да им помогнете во изборот бидејќи во споредба со останатите членови знаете многу повеќе за производите, имате повеќе искуство и може да им ги пренесете позитивните искуства од Вашите членови. Многу луѓе не знаат точно каков производ бараат и затоа изборот на вистинскиот производ може да им биде комплициран и да им одземе повеќе време. Вие бидејќи добро ја познавате Вашата група и ги знаете омилените производи на Вашите членови можете да понудите брза и вистинска помош.

Споделете ги со членовите Вашите искуства!
Најефикасен начин за споделување на искуства е редовно разговарање. Кога редовно контактирате со Вашите членови лесно и успешно може да ги споделите Вашите позитивни искуства и искуствата на другите во врска со производите. Претставете ги добро своите искуства, бидејќи тоа има огромна моќ!

Информирајте ги членовите за нивните придобивки!
За да се зголеми продажбата многу е важно членот да биде добро информиран. Многу луѓе прават куповини кои носат околу 8000-9000 БП, но доколку нарачаат нешто дополнително би имале повеќе предности. Веб-продавницата исто така го информира купувачот дека купувањето на производи над 1000 БП значи дека ќе го постигне нивото 4%, но што точно значи тоа, и кои се предностите, тоа е Ваша работа која Вие треба да ја објасните како спонзор!

Стремете се за успешна соработка!
Ваша цел како успешен градител на мрежа е да создадете „доживотна вредност на членовите“. Тоа е периодот кога стекнатите членови купуваат од Вас и затоа е потребно да одржувате континуирана врска со нив. Ако Вашиот член има позитивно мислење за Вас може да Ве препорача и на други и затоа одржувањето добри односи со Вашите членови е секогаш многу битно!

Бидете во постојан контакт со Вашите членови, редовно разговарајте со нив и помагајте им при купувањето! Вашите членови ќе бидат задоволни, а Вие ќе постигнете одлични резултати!

Напишете коментар