
Природните додатоци во исхраната се многу значајни бидејќи на природен начин ја регулираат работата на половите жлезди, превенираат инфекции, претставуваат природен извор на витамини и минерали и го подобруваат сексуалниот живот.
Од богатата палета на производи на Calivita кои имаат позитивни придобивки за женското здравје ќе издвоиме неколку:
Vital Woman
Vital Woman e комплексен производ од егзотични растителни активни состојки. Активните состојки што се содржат во билките кои влегуваат во состав на овој производ учествуваат во одржување на здравите физиолошки процеси што се одвиваат во женскиот организам.
Дамијана лист ги содржи витамините А, Ц, Б, минералите селен, цинк, бор, силициум, натриум, калциум. Придонесува да се намали нервна напнатост, овозможува правилна функција на половите жлезди, делува како диуретик, го намалува воспалението на мочните патишта.
Нејзиното дејство е поизразено во комбинација со сарсапарила коренот и кората од катуаба.
Сарсапарила коренот го помага создавањето на полови хормони, делува како детоксикатор и ја подобрува општата состојба на организмот.
Катуаба коренот делува на женскиот организам смирувачки, освежувачки, ја зголемува сексуалната желба и ја зголемува плодноста.
Гуараната го одржува организмот во свежа и будна состојба, овозможува нормална функција на организмот и половите жлезди.
Сума коренот ги регулира хормоните, влијае на плодноста, поради содржината на германиум врши оксигенација на клетките.
Коренот од мака го помага созревањето на јајцеклетките и содржи голема количина на аминокиселини.
Пилеста палма делува против воспаление на матката и мочниот меур и ги опушта мускулите ма матката.
Овој производ се препорачува:
- На млади жени за одржување на нормално ниво на хормони во организмот
- За воспоставување на редовни менструални циклуси и намалување на менструални грчеви
- Превенција од неплодност
- За подобро либидо
- Превенција од воспалување на матката, јајниците и мочниот меур
- Превенција од дисплазија на дојка
- Полицистични јајници и опаѓање на коса
- За сите жени коишто сакаат да ја сочуваат својата виталност.
Evening Primrose Oil (масло од ноќниче)
Овој природен производ содржи висока концентрација на незаситените масни киселини цис-линолеинска и гама-линолеинска киселина кои се подеднакво важни и за здравјето и за убавината. Тие придонесуваат за здрава кожа и сврзно ткиво и на тој начин ја одржуваат убавината и еластичноста на кожата. Исто така ја помагаат циркулацијата на крвта, го нормализираат холестеролот, познати се и нивните позитивни ефекти во одржување на нормален хормолен баланс, нервната функција и помнењето.
Овој производ има здравствени придобивки во повеќе случаи:
- непријатности од ПМС, менопауза, менструација, ендометриоза и фиброцистични гради
- болките во зглобовите и отекување од ревматоиден артритис
- воспаленија поврзани со егзема
- акни и црвенила по лицето
- последици од мултиплекс склероза
- последици од Алцхајмеровата болест
- неплодност
- проблеми со ноктите, скалпот и косата
Витамин Е (токоферол)
Витаминот Е или како што уште се нарекува витамин на вечна младост има повеќе позитивни ефекти врз женското здравје. Тој покрај тоа што е моќен антиоксиданс делува поволно на нервниот систем и сексуалната способност. Ја подмладува кожата и косата, е одличен вазодилататор и го забрзува заздравувањето на грубите лузни. Неговото редовно користење го зајакнува имунолошкиот систем и дава поголема заштита од инфекции.




Напишете коментар