5+1 причини зошто е важно редовно да разговарате со Вашите членови

Многу луѓе веруваат дека натписите во списанијата и објавите на социјалните мрежи се доволни за нивните членови редовно и самостојно да ги купуваат производите. Но, искуствата покажуваат дека е добро да се разговара, дури и со регистрираните членови, пред да купат. Ќе Ви претставиме 5+1 причини зошто.

Првата причина поради којашто треба да разговарате е дека тие клиенти се членови што Вие ќе ги регистрирате. Веројатно овие луѓе веќе имаат слушнато за Calivita, сте ги поканиле на презентација или пак купиле производ без да имаат членство. Потребно е да им ги презентирате предностите од членството, да им помогнете да се регистрираат и да станат Ваши членови што е можно поскоро!

Од гледна точка на потрошувачката многу е важно клиентот да биде добро информиран. Некогаш нарачката на клиентите е 8-9000 БП, но доколку порачаат малку повеќе би имале многу предности. Исто така и веб-продавницата го информира купувачот дека со купување за 1000 БП ќе го постигне нивото 4% но, што точно значи тоа Вие како спонзор треба да му објасните!

Најефикасен начин за споделување искуства за производите е преку разговор. Преку редовни контакти со Вашите членови лесно и ефикасно ќе ги споделите Вашите и туѓите позитивни искуства за производите. Практикувајте го ова бидејќи ефектите од ваквиот начин на комуникација се веќе потврдени.

Вие како спонзор имате најголеми познавања. Во споредба со Вашите членови знаете многу повеќе за производите и имате многу повеќе искуство за да им помогнете. Понекогаш членот не знае точно каков производ бара, па затоа Вашата помош во изборот на вистинскиот производ од широкиот асортиман на производи е многу важна.

Како искусен член треба да успеете еднаш стекнатиот нов член постојано да купува од Вас. Затоа треба да ја одржувате врската со Вашите членови бидејќи ако тие имаат позитивно мислење за Вас ќе ве препорачаат и на други. Одржувањето на добри односи со Вашите членови секогаш носи позитивни резултати!

Како последно, но не и помалку важно е дека можете да им помогнете на своите членови да им подарат производ или промотивен материјал на своите најблиски. Calivita секогаш испраќа мејлови, има производи на промоции и има промотивни материјали. Вие со своето искуство со производите на Calivita, на Вашите членови може лично да им помогнете при нивното бирање на подарок за нивните најблиски!

Одржувајте редовен контакт со Вашите членови, редовно разговарајте со нив и помогнете им во купувањето. На овој начин ќе имате задоволни членови и ќе постигнете блескави деловни резултати! Работете континуирано и Вашата маркетинг мрежа ќе Ви обезбеди сигурна иднина!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑