
Современиот начин на живот е асоциран со многу ризик фактори кои доведуваат до дебелина. Меѓу нив најчести причини се консумирањето на храна која е процесирана и богата со трансмасти, намалениот внес на свежи продукти, намаленото консумирање на течности и т.н. седентарен начин на живот со недоволна физичка активност.
Прекумерната телесна тежина не претставува само естетски проблем. Докажана е асоцираност на истата со зголемен ризик од појава на кардиоваскуларни болести (срцев и мозочен удар), дијабет, болести на мускуло-скелетниот систем (особено остеоартрит), како и зголемена склоност кон некои видови на тумори.
Кога станува збор за здравото слабеење, тоа подразбира повеќе мерки кои е потребно да се преземат за да делуваат на подолг временски период. Брзото слабеење со агресивни производи доведува до стрес во организмот и може да откочи одредени механизми за настанување на болести. Основните препораки за слабеење подразбираат: здрав начин на исхрана богат со свежо овошје и зеленчук, како и незаситени масни киселини, консумирање на поголеми количини на течности (вода, чај, природни цедени сокови), редовен сон, редовна физичка активност и намалување на стресот. Од голема помош во здравиот процес на слабеење може да биде и употребата на суплементи кои се со природен состав и ги поттикнуваат физиолошките процеси на забрзување на метаболизмот и побрзо согорување на масните наслаги.
Од палетата на производи на Calivita® Ви го претставуваме производот TrimeX. Станува збор за комплексен производ кој има еден комплетен пристап во насока на намалување на телесната тежина. Течната форма го прави полесен за искористување од страна на организмот, а едноставниот начин на дозирање го прави практичен за употреба. Во составот на производот TrimeX влегуваат следните состојки: протеинска мешавина од повеќе аминокиселини, екстракт од билката Garcinia Cambogia, фитогел од алое вера, екстракт од лист од зелен чај, масло од јаглика, екстракт од семка од грејпфрут, како и минералите манган и хром. Суплементацијата со аминокиселини докажано делува на стимулирање на продукцијата на материи (хормони) кои помагаат во топењето на мастите како што е соматостатинот. Исто така аминокиселините учествуваат во изградбата на мускулатурата, што е дополнителен значаен фактор во градењето на здрава фигура. Билката Garcinia Cambogia помага во намалување на апетитот и ефективно топење на масните наслаги. Исто така учествува во регулирање на нивото на шеќер и холестерол во крвта. Алое верата е позната по многуте позитивни ефекти кои ги има врз човековото здравје. Во насока на слабеење во повеќе истражувања докажано е дејството на топење на мастите, а воедно има и лаксативен ефект кој може да придонесе за побрза елиминација на токсините од организмот. Зелениот чај има ефект на слабеење преку флавоноидите и кофеинот во неговиот состав кои докажано го забрзуваат метаболизмот, ја зголемуваат оксидацијата на мастите и се смета дека ја подобруваат активноста на инсулинот. Маслото од јаглика покрај останатите позитивни ефекти, се смета за значајна состојка од суплементите за слабеење поради ефектот на намалување на апетитот, побрзо топење на мастите и воедно регулирање на нивото на мастите во крвта. Семката од грејпфрут со своите активни состојки учествува во активација на одредени ензими кои делуваат на забрзување на метаболизмот и ефективно топење на мастите, особено на оние локализирани околу стомакот. Манганот учествува во активација на повеќе ензими кои делуваат на метаболизмот на јаглехидратите, аминокиселините и холестеролот, додека пак хромот учествува во регулирање на нивото на шеќер во крвта со што ја намалува потребата за внес на благо и потреба за грицкање помеѓу оброците.
Дочекајте го летото во здрава форма и полни со самодоверба. Пробајте го и Вие нашиот производ кое е наредниот ХИТ во Вашата потрага да станете ФИТ!



Напишете коментар