#glamUp – за затегната кожа на природен начин!

Нашиот производ против стареење има висока содржина на колаген од тип I и III од дури 10000 mg во секоја доза! Покрај колаген, содржи и хијалуронска киселина, која го исполнува просторот околу колагенот и е главен навлажнувач за кожата бидејќи може да собере 1000 пати повеќе вода од нејзината големина. Фитоцерамидите на слаткиот компир исто така играат важна улога во одржувањето на хидратацијата на кожата бидејќи како липиди тие се составен дел од рожнатиот слој на кожата, помагаат во одржување и зајакнување на кожната бариера, спречуваат губење на вода и на тој начин ја одржуваат влажноста на кожата. Овој производ содржи и комплекс од антиоксиданти кои директно ги намалуваат оксидативните промени во клетките кои се причина за општо стареење. Коензимот Q10 (Co Q10) обезбедува енергија неопходна за регенеративните процеси. Алфа-липоичната киселина се смета за идеален антиоксиданс бидејќи лесно ги неутрализира слободните радикали и навлегува во сите клетки на телото. Таа има способност да ги регенерира и другите антиоксиданти, како што се витамините Е и Ц и на тој начин ги заштитува сите клетки во човековиот организам. Бета каротенот, ликопенот, лутеинот и зеаксантинот ја заштитуваат кожата од надворешни штетни влијанија како на пр. УВ зрачењето кое придонесува за фотостареење, брчки, флеки и несовршености на кожата. Исто така потребни се за производство на витамин А. без кој е невозможен процесот на формирање на нови, здрави, функционални клетки и ткива. #glamUp има убав вкус на лимон и не содржи конзерванси, бои, додадени шеќери, глутен, соја и ГМО.


КОЛАГЕН И ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

Колагенот е протеин кој е главна компонента на сврзното ткиво. Тој игра клучна улога во спречувањето на губењето на вода од ткивата и затоа неговиот недостаток предизвикува нарушувања како што се: брчки, целулит, стрии, губење на тонусот на кожата, губење на косата, артритис, вкочанетост, повреди на мускулите. Колагенот од типот I е најприсутен во кожата и коските, тетивите и лигаментите, додека колагенот тип III се наоѓа во крвните садови, матката и дигестивниот систем. Како што старееме, способноста за синтеза на колаген во телото се намалува, а за тоа придонесуваат и секојдневна физичка активност, некои болести, лоши животни навики, изложеност на токсини од околината, недоволно внесување на минерали, витамини, аминокиселини во храната и итн. Хијалуронската киселина има голема способност да ја врзува водата, таа може да се врзе вода неколку пати повеќе од сопствената тежина и затоа е клучен фактор во одржување на хидратацијата на кожата. Нејзината количина во организмот се намалува после 30 години, а со тек на време опаѓа и нејзиниот квалитет.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑