Beauty Formula – за цврсти нокти и бујна коса!

Овој производ е богат комплекс од хијалуронска киселина, колаген, витамини и минерали кои се неопходни за нормален раст, развој и за хормонална рамнотежа. За да имаме здрава кожа, коса и нокти неопходни се и аминокиселини. На пр. цистеин и метионин се извор на
сулфур кој е важен бидејќи ја подобрува протеинската структура на косата и ноктите.

Недоволните резерви на цинк во телото предизвикуваат зголемено опаѓање на косата, додека бакарот помага во производството на меланин, пигмент кој ја штити кожата од сонцето, важен е за цврстината и еластичноста на колагенските влакна и го спречува предвременото побелување на косата. Колагенот е неопходен за убавината на кожата, ја прави мазна и еластична, за што придонесува и додадениот витамин Ц.

За да се спречи зголемено опаѓање на косата (повеќе од 80 влакна на ден), потребно е дополнително да се негува косата со витамини од Б-групата. Рибофлавинот ја штити кожата и слузокожата од оштетување и има важна улога во растот на косата. Витаминот Б12 е особено важен бидејќи ако недостасува во исхраната ќе се соочиме со опаѓање на косата и послаб раст на косата.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑