
Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело. Тој игра важна улога во метаболизмот на протеините, аминокиселините, мастите и јаглехидратите, а исто така му помага на нашето тело да се ослободи од токсичните материи. Постојат повеќе од 500 метаболички процеси кои се одвиваат во црниот дроб. Тука спаѓаат синтеза на соединенија кои се специфични за телото (на пр. гликоген, холестерол, жолчка), разградување на сложени соединенија, разградување на токсини и други хемиски соединенија. Во црниот дроб се врши складирање на одредени супстанции и регулирање на нивното ниво во организмот. Овој орган е од витално значење за нашето тело и затоа треба со љубов да се грижиме за него.
Ослободете го телото од токсините
Иако црниот дроб има висока способност да се регенерира, сепак не треба премногу да го оптоваруваме со хемикалии, алкохол, лекови, никотин, конзерванси, бои, тука спаѓаат и загадувањето во воздухот, хербициди, пестициди, стрес хормони, антибиотици од месо.
Колку повеќе хемикалии влегуваат во нашето тело, толку е потешко црниот дроб да ги разгради. На функцијата на црниот дроб негативно влијае дебелината и вирусните заболувања, како на пр. жолтица.
Заболувања на црниот дроб
Ако црниот дроб е преоптоварен, без разлика дали со прекумерна количина на токсини, прејадување или други причини, тоа може да има негативно влијание врз него. Зголеменото количество маснотии во организмот се складира во клетките на црниот дроб (статоза), зголемено внесување на алкохол може да предизвика алкохолен хепатитис-воспаление на клетките на црниот дроб. Цирозата е заболување кое најчесто е предизвикано од вирусен хепатитис Б и Ц или од прекумерно консумирање алкохол. Настанува некроза односно создавање на сврзно ткиво и се нарушува неговата функцијата.
Оштетувањето на црниот дроб негативно влијае на неговата функција и како резултат на тоа се нарушуваат метаболните процеси и може да дојде до асцит.
Предупредувачки знаци
Постојат некои знаци кои најавуваат дека нешто не е во ред со нашиот црн дроб. Затоа треба да внимаваме и да посетиме лекар на време ако забележиме некои од следниве промени:
- Жолтеникава кожа и белки на очите
- Чешање на кожата
- Оток на стапалата и глуждовите
- Оток и абдоминална болка
- Губење на апетит
- Вознемирен стомак, повраќање
- Потемна боја на урината
- Посветла боја на столицата
- Хроничен замор
- Склоност кон модринки
Како да се заштитиме?
За да ни биде здрав црниот дроб треба да се трудиме да користиме органска храна, да не се прејадуваме. Во нашата исхрана да вклучиме повеќе зеленчук и цели зрна, помалку животински масти, рафинирани шеќери и бело брашно. Корисно е и редовно вежбање, техники на медитација и пиење билни чаеви, на пр. чај од млечен трн, глуварче, ротквица, дождовен црв, цикорија итн. Додатокот во исхраната што Ви го препорачуваме е Liver Aid, чија главна активна состојка е екстрактот од млечен трн. Производот е дополнет со аминокиселини и други состојки кои ја поддржуваат регенерацијата на црниот дроб. Надополнувањето на минерали, елементи во трагови и антиоксиданти исто така ќе биде корисно.


Напишете коментар