
Дали и Вие чувствувате како на крајот на зимата Вашето тело станува тешко, бавно, почесто Ве совладува замор, поспаност и немате желба за ништо? Да, тоа е знак дека пролетта е тука и телото треба да се обнови како физички, така и психички.
Овошјето и зеленчукот кои ги има во пролетниот период, подолг престој на сончевите зраци и физичка активност на отворено, во комбинација со неколку целни производи на Calivita ќе ја поттикнат детоксикацијата на Вашето тело, ќе Ве регенерираат и ќе Ви помогнат да ја вратите енергијата!
Природата е ризница на огромен број растителни метаболити, материи кои ги нарекуваме фитохемикалии. Но, од сите тие материи, само мал број поседуваат биолошка активност која може да придонесе до подобрување на здравјето. Тие материи се откривани со векови наназад како резултат на употребата на растенијата во исхрана и лекување, а искуството се пренесува од една на друга генерација. Пробајте ги и Вие производите на Calivita кај кои е направена селекција на корисни билки по Вашето здравје и виталност.
Алкализација со Liquid Chlorophyll
Производот Liquid Chlorophyll содржи хлорофилин, растителен пигмент кој се смета за најмоќно природно средство за заштита на организмот од промени на клетките кои може да доведат до неконтролиран туморски раст. Поради тоа посебно дејство кое го има, истиот се истражува повеќе од 20 години. Хлорофилинот е моќна антимутагена и антиканцерогена материја, која благодарение на способноста да ги уништува канцерогените и да го спречи нивното дејство на клеточниот ДНА материјал, штити од појава на туморски процеси. Воедно, хлорофилинот е материја со моќно алкализирачко дејство. Алкализирачкиот ефект е неопходен за неутрализирање на киселата средина создадена од несоодветната исхрана, а која пак е ризик фактор за настанување на многу болести. Хлорофилот се употребува за ублажување на непријатните симптоми при претерано лачење на желудочна киселина, а воедно е и одличен природен внатрешен дезодоранс кој помага при појава на непријатен мирис на здивот и потта. Важно е да се истакне дека човечкото тело може во целост да го искористи токму оној облик на хлорофил кој е присутен во производот Liquid Chlorophyll. Истиот е со пријатен свеж вкус кој му го дава природното масло од нане. Само да споменеме дека хлорофилот сè уште не е тестиран на бремени жени и доилки, па затоа во тие ситуации е потребна консултација со лекар пред употреба.



Напишете коментар