7 совети за да го засакате нашето ново есенцијално масло од лаванда

Сакате ли да се чувствувате како да сте во поле со расцветана лаванда? Доволно е само да го отворите шишето со новото органско есенцијално масло од лаванда на Calivita. Не само прекрасен мирис, ова масло ќе ви понуди решение и за многу други работи во секојдневниот живот.

Во продолжение ќе Ви понудиме неколку совети и начини како може да го користите нашето органско масло од лаванда и да уживате во него.

  1. За да се ослободите од главоболка или мигрена додајте 2-3 капки во мала количина млеко за тело и масирајте ги слепоочниците и тилот за да ја олесните болката.
  2. Направете смирувачка купка со капка масло од лаванда и ќе Ви помогне да се релаксирате после напорен и стресен ден.
  3. Пред спиење додадете неколку капки органско есенцијално масло од лаванда во водата од дифузерот и оставете природниот мирис од лаванда да создаде магична атмосфера и да уживате во мирен и длабок сон.
  4. Етеричното масло од лаванда може да помогне во заздравување на помали рани, исекотини, изгребаници, а исто така помага во зараснување на рани без да остане лузна. За оваа цел додадете 3-5 капки масло од лаванда во лажичка лосион за тело и нанесете го на погодената област со чиста памучна вата. Оставете го да делува 30 минути а потоа исплакнете ја кожата со млака вода.
  5. За да се ослободите од настинка: 3-5 капки органско есенцијално масло од лаванда растворете во две супени лажици растително масло или лосион за тело и масирајте ја кожата на градите 2-3 пати на ден за да ги исчистите дишните патишта.
  6. Додадете неколку капки органско есенцијално масло од лаванда во регенераторот за коса и ќе добиете прекрасна сјајна и мирислива коса!
  7. Ставете 3-5 капки органско есенцијално масло од лаванда на мало парче чиста ткаенина и оставете го во гардероберот. Облеката ќе добие пријатен мирис и ќе ја заштитите од несакани инсекти.

Набавете го органското есенцијално масло од лаванда на Calivita и целото семејство ќе се чувствува одлично!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑