
Дали се сеќавате чувството на интензивниот мирис од свежо исцеден лимон?
Замислете: едно шишенце од нашето етерично масло од органски лимон ја содржи аромата од 30 лимони, вклучувајќи ги и сите други корисни состојки! Како е тоа можно?
Кората од свежо собраните лимони е богата со есенцијални масла и токму затоа ја користиме при производство на маслото. Во процесот на производство внимаваме да се зачува прекрасниот мирис како и уникатниот состав. За да се направи еден литар есенцијално масло од лимон потребни се околу 3000 овошки!
Благодарение на посебниот процес на производство што го применуваме, компонентите во производот се зачувани во концентрирана форма. Затоа доволни се само неколку капки за постигнување на саканиот ефект.

Етеричното масло од органски лимон на Calivita содржи само природни лимони, не е разредено, не содржи вештачки растворувачи, мириси и средства за дополнување.
Овој производ поседува сертификат кој докажува дека се исполнети сите строги барања: не содржи хемикалии, пестициди и други загадувачи.
Овој производ е 100% чиста арома на лимон!
Кога купувате есенцијални масла изберете квалитетни производи и од сигурни произведувачи.
Побарајте го новото етерично масло од органски лимон на Calivita, а исто така и другите производи од нашето ново семејство на органски есенцијални масла!


Напишете коментар