Подобар од најдобриот – C1000 Plus


Витамин Ц првата буква од азбуката на здравјето

И покрај тоа што е доста застапен, витаминот Ц е релативно чувствителна супстанца која се деактивира со готвење, пржење, печење на храната, како и изложување на сончева светлина. Дури и овошјето и зеленчукот при складирање во фрижидер ја губат концентрацијата на витаминот Ц.

Нашето тело не може да синтетизира витамин Ц и поради тоа е потребно да го внесуваме преку исхраната или дополнително преку суплементација. За да се обезбеди доволна количина потребно е да имаме 5-6 оброци со овошје и зеленчук во текот на денот, но тоа е невозможно поради начинот на живот, а дополнителна пречка во задоволување на потребните количини е недостатокот на витаминот Ц во современите намирници.

Неопходен за крвните садови, од детството до возрасното доба

Витаминот Ц помага во заштита од кардиоваскуларните болести преку своето моќно антиоксидантно дејство, а и преку улогата во метаболизмот на мастите. Во продолжение прочитајте за важноста витаминот Ц и лизинот за заштита од артериосклероза:

»Јас не знам дали воопшто постои потреба за рандомизирани двојно слепи студии, кога веќе постојат доволно докази за важноста од внесот на витаминот Ц и лизинот во спречување на таложењето на артериосклеротичните плаки и смртноста од кардиоваскуларни болести. Препорачувам секое возрасно лице да зема по 3 грама витамин Ц на ден, а децата помала количина во однос на телесната тежина.« Линус Паулинг

Зглобови, коски, заби, вид, енергијасекогаш витамин Ц 

• Овој витамин е важен нутриент за градбата на коските, забите, колагенот и нè штити од оштетување на зглобовите, забите, непцата, кожата, крвните садови, тетивите, лигаментите и ’рскавиците. Витаминот Ц помага во процесот на зараснување на раните, каде што ефект имаат и лизинот и цинкот.

• Нуди заштита од катаракта за чие настанување може да придонесе и дефицитот на витамин Ц во организмот

• Витаминот Ц помага во процесот на синтеза на одредени антистресни хормони, како и конверзија на храната во расположлива енергија.

• Витаминот Ц го намалува ризикот од настанување на некои видови на малигни тумори – како на пр. на дојки, грло на матка, дебело црево, грло, бели дробови, уста, простата и желудник.

Нови сознанија

Ниското ниво на витамин Ц во крвта е поврзано со повисок индекс на телесна маса (БМИ), поголем процент на телесни масти, како и обем на струкот во однос на лицата со нормално ниво на овој витамин. Едно истражување кое е направено во Arizona State University открило дека статусот на витаминот Ц може да биде индикатор за тоа колку успешно телото ќе ги искористи мастите како гориво за време на вежбите или при мирување. Едно истражување од 2008-ма година ја покажала важноста на витаминот Ц преку фактот дека телото развило и дополнителен механизам за искористување на витаминот, со оглед на тоа дека не може да се синтетизира. Имено, нашите ертроцити развиле способност за врзување на потрошените, оксидирани форми на витаминот Ц (Л-дехидро-аскорбинска киселина/ДХА), која потоа еритроцитите ја враќаат назад во нормален облик.

Дали знаевте дека витаминот Ц е неопходен за отстранување на токсините од телото?

На тој начин учествува во одржување на интегритетот и здравјето на клетките, истовремено спречувајќи го оксидативното оштетување и помагајќи во отстранувањето на штетните продукти на метаболизмот.

На клетките од имуниот систем им е потребен витамин Ц постојано, а не само при состојба на болест!

Неутрофилите се бели крвни клетки кои се прва линија на одбрана против патогените микроорганизми. Нивна примарна функција е уништувањее на микроорганизмите и на тој начин спречување на настанување на инфекција. Тие клетки по пат на хемотаксија мигрираат до местото на инфекција и буквално ги проголтуваат микроорганизмите, преку оксидативни и неоксидативни механизми на уништување.

Дали знаете дека токму овие клетки кои први стигнуваат на местото на инфекција содржат големи количини на витамин Ц и тоа еден од клучните елементи на нивната функција. Имено, од тоа колку секојдневно внесуваме витамин Ц зависи и тоа колку нашите одбранбени клетки ќе бидат во состојба да се борат против микроорганизмите.

Неутрофилите акумулираат големи количини на витамин Ц, бидејќи за време на нападот на микроорганизмите ослободуваат големи количини на реактивни оксиданти, па потребни им се големи количини на интрацелуларен витамин Ц, кој во тие ситуации се зголемува дури до 30 пати, се разбира доколку ја има таа количина во организмот!

Сето ова укажува на клучната улога на витаминот Ц во имунолошкиот систем. Грешката која најчесто се прави е посегањето по витаминот Ц кога некој ќе се разболи, т.е. кога ќе настапи системска инфекција, а тогаш е веќе доцна. Микроорганизмите во таква ситуација ја надминале првата препрека од неутрофилите и се прошириле во организмот. Доколку редовно се зема витамин Ц, оваа препрека тешко дека ќе ја поминат микроорганизмите. Тоа е еден начин како може да го зајакнеме имунитетот, преку секојдневен внес на витамин Ц (500-2000 мг), како и преку употреба на пробиотик (да не ја заборавиме улогата на цревната флора во имунитетот!).

Дозирање и сигурност

Истражувањата на нутритивниот статус на жителите од европските држави укажува на тоа дека само 50% од населението ги внесува потребните дневни количини на витаминот Ц.

Иако сериозните недостатоци во развиените земји се ретки (кои би предизвикале скорбут) некои истражувања покажуваат дека дури половина од жителите се со недостаток на витамин Ц, што на долгорочен план доведува до промени во ткивата и намалување на имунитетот.

Индивидуалните потреби за витаминот Ц многу се разликуваат. Препорачаните дневни дози (ПДД) претставуваат минимални дневни количини кои се неопходни за избегнување на сериозен недостаток кој би довел до скорбут, но вистинските потреби се значајно поголеми.

Не е потврден ни еден несакан ефект од висок дневен внес на витамин Ц, а не постојат ни докажани здравствени тврдења дека многу високите дневни дози на овој витамин (до 10 гр. на ден кај возрасни) би биле отровни.

Витамин со постепено ослободување

Во случај на внес на поголеми количини витамин Ц, телото ги излачува во тек на два часа. Затоа сите наши производи содржат форма со постепено ослободување (time-released). Тоа значи дека витаминот Ц постепено се ослободува од носачот и овозможува постојана концентрација на витаминот Ц во текот на денот.

Како да препознаете дали имате недостаток на витаминот Ц?

Постојат рани знаци кои укажуваат на тоа дека на Вашето тело му треба повеќе витамин Ц:

  • Замор – пониско ниво на витамин Ц од она кое му е потребно на Вашето тело доведува до постојан замор, бидејќи витаминот Ц е потребен за производство на енергија од храната.
  • Болки во зглобовите и мускулите – хронична болка во зглобовите и мускулите може да биде знак за недостаток на витаминот Ц.
  • Склоност кон појава на модрици – појавата на модрици при полесен притисок или удар може да укажува на дефицит на витаминот Ц.
  • Состојби на забите и гингивите – недостаток на витаминот Ц може да доведе до крвавење и пропаѓање на гингивите, парадонтолошки проблеми. Овие промени се појавуваат при поголем недостаток на витаминот Ц, како на пример при скорбут.
  • Сува кожа и коса – Промените на кожата и косата како пукање на краевите на косата, изразена сувост на кожата и појава на првут, се знаци дека на телото му фали витамин Ц, како и други неопходни витамини и минерали.
  • Склоност кон инфекции – по долготрајна состојба на намален внес на витамин Ц, постепено доаѓа до намалување на способноста на имунолошкиот систем во борбата со инфекции, како и општата способност за обновување на ткивата.
  • Промени во расположението – лицата со недостаток на витамин Ц може да бидат претерано иритабилни и почесто го менуваат расположението.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑