Капка природа

Покрај тоа што имаат позитивен ефект врз нашето расположение, есенцијалните масла може да имаат и голем број здравствени придобивки. Се разбира многу е важно при купување да се обрне внимание на потеклото и квалитетот. Треба да се изберат производи од сигурен производител за да бидеме сигурни дека нема да купиме фалсификувани и синтетски масла кои содржат евтини и разредени активни супстанции.

Природно и чисто

Новите природни етерични масла на Calivita од растително потекло се 100 проценти чисти. Нашето ново семејство производи брои три члена и сите три се сертифицирани за органски производи. Тоа значи дека не содржат никакви хемикалии, инсектициди, пестициди или други загадувачи. Покрај тоа, ниту еден од нив не содржи синтетички супстанции, вештачки мириси и други нечистотии.

Премиум есенцијални масла за здравјето на целото семејство

Во Calivita, активните состојки на нашите есенцијални масла се извлечени од најквалитетните делови од свежо собраните растенија. Се користат специјални методи со цел да останат скапоцените испарливи компоненти во високи концентрации. Благодарение на високата содржина на активни состојки само неколку капки ќе бидат доволни за потрошувачите да уживаат во волшебните, прекрасни мириси и во нивните корисни ефекти. Висококвалитетните есенцијални масла се исто така безбедни за употреба, тие не предизвикуваат алергиски реакции или исип на кожата, но внимателно треба да ги следите упатствата.

Органско есенцијално масло од лимон

Етеричното масло од органски лимон на Calivita е природен освежувач и подобрувач на расположението, а има и антидепресивни ефекти, ја зголемува концентрацијата, ги зајакнува менталните способности и креативното размислување. Има антивирусен и антибактериски ефект и затоа може да помогне во спречување и лекување на инфекции, а помага и за намалување на утрински мачнини и мачнини кај трудници.

Органско есенцијално масло од лаванда

Нашето органско есенцијално масло од лаванда има смирувачки ефект и на телото и на умот. Покрај тоа што е популарен ослободувач од стрес има и лековити, антисептички и антиинфламаторни својства. Делува како аналгетик кој спречува болки во стомак и надуеност. Се препорачува за ублажување на кашлица и против патогени микроорганизми.

Органско есенцијално масло од темјан

Темјанот се користел уште од античко време и со право маслото од темјан е наречено „крал на есенцијалните масла“. Неговите ефекти се користат за нега и убавина, за лекување и за духовни цели – медитација, а исто така придонесува и за мирен сон. Покрај сите овие придобивки маслото од темјан може да послужи и за дезинфекција, при болести на горните дишни патишта, а исто така го намалува и чувството на гадење.

Освежувачки лимон, смирувачка лаванда или скапоцен темјан – разгледајте ја нашата палета на есенцијални масла и пронајдете го она што најдобро Ви одговара на она што најмногу Ви треба!

Предупредување: Само за надворешна употреба. Да се чува вон дофат на деца. Не се препорачува ако сте бремени, доите и за деца помлади од 8 години. Избегнувајте контакт со очи, уши и чувствителните области на кожата. Да не се користи неразреден. Познато е дека маслото од лимон предизвикува фототоксичност и затоа избегнувајте изложување на сончева светлина откако ќе го нанесете овој производ. Покрај општите предупредувања, следете ги и поединечните упатства за секој производ.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑