Заедно сме посилни!

Една африканска поговорка вели: „Ако сакаш да стигнеш побрзо, оди сам“. Ако сакаш да стигнеш подалеку, да одиме заедно. Кои се предностите ако не сакате сами да градите бизнис и зошто „share“ маркетинг е добар избор во овој случај?

Доколку сакате да станете ковач на сопственото богатство, да основате сопствено претпријатие, но не сакате да се соочите со големи ризици „share“ маркетингот во овој случај е многу добар избор.

Без да ризикувате, можете да основате претпријатие кое ќе Ви исплаќа бонус според бонус поените на продадените производи. Но, дали вреди да се работи сам? Се разбира не. Во светот, секое успешно претпријатие е резултат на заедничка работа на повеќе луѓе, па дури и тоа да се само продавачот и неговите клиенти.

Во „share“ маркетингот имате можност да работите сами, но ако сте поамбициозни размислите за групна работа. Како што вели Сајмон Синек „Не можеш сам. Затоа не се преправај дека можеш“. Исто така и фактот дека не сте единствената личност која е одговорна за резултатите на крајот на месецот (бидејќи бонус поени остварени од вашата група ви следуваат и вас) придонесува да се чувствувате смирено и опуштено.

Сите имаме и добри и полоши денови. Од деловна гледна точка имаме успешни и помалку успешни периоди и затоа сме посилни како група! Заедничкиот резултат од нашата работа има поголема вредност отколку самостојната работа затоа што заедно повеќе се мотивираме.

Исто така, во Calivita соработката меѓу луѓето често преминува во пријателство и годините што заедно сме ги поминале прават да се чувствуваме како едно големо семејство.

Основачот и претседател на Calivita, Џери Харгитаи, заедничката работа од последните децении ја објаснува вака:

„Заедно изградивме нешто за што вреди да се живее … Ова големо семејство заедно оди напред на заедничкиот пат, со меѓусебна поддршка и помош. Заедно ги реализираме нашите индивидуални и заеднички соништа во реалност! Заедно сме посилни! Заедно можеме повеќе! Секогаш си подаваме рака за помош!

Создајте своја група! Така со меѓусебна помош полесно ќе ги остварите своите и заедничките цели. Бидете добар пример за другите луѓе! Стапете во акција!

Препорачана книга: Simon Sinek: Together is better 

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑