
Поминаа две години од почетокот на пандемијата, сите се надеваме дека таа наскоро ќе заврши и затоа време е да почнеме да размислуваме поинаку. Пред сè, тешко е да поверуваме дека таа е дел од нашите животи веќе две години, а гледајќи наназад времето помина доста брзо освен првата година кога имаше целосно затворање.
Што научивме за сето ова време? Научивме дека грижата за нашето здравје е поважна од било кога, дека вирусот предизвикува долготрајни здравствени проблеми и дека ќе остане долго време меѓу нас и ако можеби нема да биде смртоносен.
Според експертите дури и поблагите варијанти на вирусот ќе предизвикуваат здравствени проблеми и несакани ефекти. Тоа значи дека нашиот имунолошки систем ќе има постојани предизвици со кои ќе треба да се справи. Затоа поддршката на нашиот имунолошки систем и правилната исхрана се многу значајни за правилно функционирање на нашето тело.
Ова е можност ние да го споделиме своето знаење за тоа како квалитетните нутриционистички производи може да им помогнат на луѓето да го зачуваат своето здравје. Интернетот е полн со секакви информации и тешко им е на луѓето да откријат која информација е точна, а која погрешна. Затоа од огромна важност е личната препорака од некој што го познавате и личното искуство.

Токму ова треба да е цел на нашите маркетинг акции. Споделувањето на Вашето лично искуство со нашите производи ќе биде од голема важност, бидејќи ние постоиме повеќе од 30 години и во време кога интернетот и социјалните медиуми се преоптоварени со секакви информации вистинската препорака од вистинска личност ќе има најголема моќ.
Употребете ја оваа моќ да им помогнете на луѓето за нивното здравје или пак да остварат подобар приход станувајќи бизнис партнери на Calivita.
Да имаме убава, сончева и успешна пролет и да блескаме заедно со Calivita!

Gerry Hargitai
Основач и претседател

Напишете коментар