Да и се вратиме на природата

Во денешниов модерен свет стануваме се понесвесни за важноста на нашата природна средина.

Ние во Calivita веруваме дека е многу важно да не ги забораваме нашите корени, бидејќи мудроста на нашите предци која е резултат на повеќе вековно искуство може да ни понуди ефикасен лек за повеќе болести.

Растенијата што се наоѓаат во градините, ливадите, шумите, морињата може да помогнат во лекување на повеќе болести. Нивните лековити моќи ги користеле луѓето уште многу, многу одамна и врз основа на оваа традиција се определивме за природни состојки во сите наши производи. Исто така истражуваме и нови области каде што би можеле да се искористат.

Нашиот нов производ #cheerUp е многу добар пример за тоа. Тој содржи билни и други активни состојки кои го подобруваат расположението без ризик од зависност. Уште еден пример е нашиот Nordic Pure Omega3 Liquid, течно рибино масло кое потекнува од кристално чистите води на исландскиот брег.

Нов тренд: органски

Многу важно за нашите клиенти е дека производите на Calivita содржат серитификат за органски производи. Ова важи и за нашата нова линија на производи од растителни есенцијални масла кои се 100% чисти и органски сертифицирани.

Сите наши производи се еколошки произведени без употреба на хемикалии, пестициди или ѓубрива, што значи дека не содржат никакви загадувачи. Сертификатот за органско потекло што го содржат е добиен како резултат на сите извршени контроли и тестирања.

Билките кои се во состав на производите се внимателно одбрани и се одгледуваат на избрана богата почва и затоа имаат поголема содржина на активни состојки во споредба со тие што се одгледуваат индустриски.

Заштита на животната средина е наш фокус

Животнатата средина на Земјата е сè повеќе изложена на загадување. Фрлените пластични предмети ги покриваат речиси сите делови од земјата и водите, затоа е многу тешко да се најде чисто место во природата. Токму поради тоа ние во Calivita посебно внимаваме посветуваме на заштита на животната средина. Така на пример нашата нова четка за заби OrganiCare е дизајнирана за заштита на животната средина: нејзината рачка е направена од целулоза, биопластика 100% биоразградлива, а влакната од растението рицинус.

Одлучете се за природни решенија! Одлучете се за Calivita!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑