Студеното време прави да се чувствувате без енергија?

Што може да превземете околу тоа?

Дали со доаѓањето на студената сезона повремено чувствувате дека немате енергија? Дефинитивно не сте сами. По завршувањето на летото сите функционираат со побавно темпо, но секој со различен интензитет. Сепак, доколку дојдете до момент во кој негативните емоции доминираат и се толку моќни што Ве доведуваат до подолготрајно страдање, тогаш подобро е да преземете нешто околу тоа.

Од една страна сезонските промени во расположението имаат генетска основа, а влијание има и возраста на лицето. Секако голема улога кај секој нас има и намалената изложеност на светлите сончеви зраци. Тоа е затоа што изложеноста на сончевите зраци влијае не на еден, туку на два хормони во нашето тело! Со намалувањето на сончевите часови, се намалува и нивото на серотонинот-познат како „хормон на среќата“. Друг хормон кој е под влијание на сончевите зраци е мелатонинот, а неговите ниски нивоа може да влијаат на појава на проблеми со спиењето.

Она што може да се обидете да направите е одржувањето на здрава рутина. Обидете се редовно да вежбатеи не дозволувајте да бидете долго време осамени-бидете активни, одете на средби со пријателите (секако во согласност со мерките за Covid пандемијата). Исто така е значајно да најдете време за одмор и да практикувате здрава избалансирана исхрана. Како дополнување на квалитетната исхрана може да земате и одредени природни суплементи кои значително го подобруваат расположението. Еден од тие корисни суплементи е омега-3.

Назад во 60-тите и 70-тите години е дојдено до сознание дека количината на внес на рибата во исхраната може да биде предвидувачки фактор поврзан со заштита од појава на одредени болести, како оние на кардиоваскуларниот систем или депресијата. Така, дојдено е до сознание дека оние кои консумираат повеќе риба се помалку склони кон наведените болести, за разлика од поголемиот ризик кај оние кои ја консумираат помалку. Дополнителните истражувања дошле до еден клучен заклучок дека ниските нивоа на омега-3 масните киселини во крвта (особено на ДХА) доведуваат до поголем ризик од чести епизоди на депресија, а суплементацијата со омега-3 рибино масло (ДХА) помага во намалувањето на појавата и интензитетот на симптомите. Бенефитите од употреба на омега-3 масните киселини не се однесуваат само на возрасните. Тие помагаат во борбата против депресијата и кај децата, покрај ефектите на подобрување на бихејвиоралните нарушувања, подобрувањето на сонот, како и концентрацијата и способноста за учење.

Нашиот нов производ Nordic Pure Omega3 Liquid, е одличен извор на омега-3 масните киселини. Тој содржи рибино масло со врвен квалитет, со високо ниво на ДХА, кое е добиено од свежа риба од морските води во околината на Исланд. Овој производ не содржи никакви вештачки додатоци, шеќери, конзерванси, глутен, лактоза, млечни протеини и нема вкус на риба. Пријатниот вкус на лимони течната форма го прават лесен за употреба како кај децата, така и кај возрасните.

Како дополнителна грижа за Вашето расположение Ви најавуваме дополнување на новиот омега-3 и со два нови производи во наредниот период. Пред крајот на годината е најавено пуштањето во продажба на најновиот производ #cheerUp кој содржи само природни состојки кои го подобруваат расположението, без ризик од несакани ефекти или создавање на зависност. Со доаѓањето на Новата година ќе излезат во продажба и есенцијалните масла за дополнителна релаксација на умот и телото.

Одберете среќа, одберете го новиот производ на Calivita Nordic Pure Omega3 Liquid, или веќе докажаниот Omega 3 Concentrate!

Извор:

Brain docosahexaenoic acid uptake and metabolism – R J Scott Lacombe et al., Mol Aspects Med. 2018 Dec;64:109-134.

DHA Effects in Brain Development and Function – Lotte Lauritzen et al., Nutrients. 2016 Jan 4;8(1):6.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑