
Стресот не е ништо ново, тој бил присутен кај луѓето уште од најстари времиња, разликата е во тоа што во денешниов, динамичен начин на живот се соочуваме со многу повеќе предизвици. Проблем настанува кога не можеме да го контролираме, тогаш потребно е да побараме помош, бидејќи физиолошките промени предизвикани од стресот можат да доведат до здравствени промени како што се: чир на желудник и дуоденум, висок крвен притисок, дијабетес и депресија.
Во природата постои растение кое дава ефикасна поддршка во надминување на стресот. Тоа е билката Rhodiola rosea која живее во многу тешки услови на највисокиот планински венец во светот, Хималаите, на надморска височина повеќе од 6000 метри. Нејзиниот позитивен ефект во Тибет им бил познат уште одамна на владетелите од династијата Кинг, потоа војниците ја користеле како средство за поголема енергија и издржливост. Во денешно време постојат повеќе фармацевтски производи кои ја содржат оваа билка како и клинички испитувања кои го потврдуваат нејзиното дејство. На пример експериментите на италијанскиот универзитет во Камерино потврдија дека и еднократно користење на екстракт од оваа билка го намалува акутниот стрес.
Производот Rhodiolin кој ја содржи билката Rhodiola rosea е еден од нашите најпопуларни производи. Може да се користи за намалување на дневната напнатост или изненадна стресна ситуација, за одржување на целокупното ниво на енергија и концентрација, ако се користи пред спиење помага за полесно заспивање балансирајќи го стресот акумулиран во текот на денот.
Искуството покажува дека активните состојки на растението имаат позитивен ефект врз централниот нервен систем, ги зголемуваат менталните и физичките перформанси, концентрацијата, помагаат во управувањето со стресот, го намалуваат менталниот замор и придонесуваат за општа благосостојба. Овој препарат е дополнет со цинк, кој ја подобрува отпорноста на организмот од болести.


Напишете коментар