Заштитете ја својата простата со природната моќ на билките!

Простатата е жлезда која е многу важна за репродуктивниот живот на мажите. Таа продуцира семена течност која е оптимална средина за егзистенција и движење на сперматозоидите.

Појавата на проблеми со простата е доста честа и затоа на секој маж по 40-тата година му е потребна превенција и совет доколку се појават такви проблеми.

Најчест проблем поврзан со неа е БХП – бенигната хиперплазија на простатата, која се појавува кај речиси една третина од мажите до 60-тата година и дури до една половина до 80-тата година.

Први симптоми на заболувањето се зачестено ноќно мокрење и слаб млаз.

Дополнително се јавуваат: колебање пред мокрење, испрекинатост во мокрењето, ургентност за мокрење, чувство на недоизмокреност.

Овие симптоми се доста непријатни и влијаат на квалитетот на животот.

Ако не се лекува, простатата може да продолжи да се зголемува и да доведе до сериозни компликации како што се: ненадејна неможност за мокрење, чести уринарни инфекции, оштетување на мочниот меур и бубрезите и сите овие состојби на крај поставуваат индикација за отстранување на простатата.

Покрај стандардната терапија со лекови постојат и природни суплементи на база на билки и минерали кои можат да придонесат за подобрување на функцијата на простатата.

Pro-STP поради својот комплетен состав е еден од најбараните производи за зачувување на машкото здравје.

Тој е потполно сигурен и корисен хербален производ кој нема несакани ефекти. Во неговиот состав влегуваат 8 природни состојки кои заедно делуваат и овозможуваат целосна заштита на ткивото на простата, делуваат на еректилната моќ, на сексуалната виталност и либидото, како и на одржување на нормалното ниво на тестостерон.

Во составот на овој препарат влегуваат повеќе билки: плод од пилеста палма, лист од бодликава коприва, ленено семе, црн бибер, од минералите цинк и селен, а содржи и фитостерол комплекс.

Пилестата палма има антиандроген, антиестроген и антиинфламаторен ефект. Поради сите овие нејзини својства докажано е дека делува превентивно на настанување на БХП, а според некои истражувања и на карцином на простата. Дејството на екстрактот на пилестата палма е најизразен кај рана и средна хипертрофија на простата и дури до 90% од мажите забележале подобрување на симптомите во првите 4 до 6 недели од користење на производот.

Бодликавата коприва има диуретски и антиинфламаторен ефект и нејзино комбинирање со пилеста палма дава уште подобри резултати.

Лененото семе и црниот бибер имаат антиинфламаторно и антимикробно дејство. Црниот бибер овозможува и многу подобра ресорпција на сите останати активни компоненти.

Фитостеролите имаат ефект во лекување на простатната течност.

Цинкот и селенот покрај антиоксидантниот ефект, ја подобруваат функцијата на репродуктивните органи, сперматогенезата и функцијата на простатата.

Сите компоненти заедно делуваат на подобрување на функцијата на простатата и превентивно од настанување на бенигна хиперплазија на простатата (БХП).

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑