
80% од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата затоа урамнотежената цревна микрофлора е многу важна за здравјето на луѓето. Таа покрај тоа што не штити од патогени помага во созревање на имунолошкиот систем, негово правилно функционирање, коешто е многу важно против развојот на различни алергии и автоимуни болести.
Пробиотиците се основа за добар имунитет. Терминот пробиотик значи „за живот“ (pro biota), а ги опфаќа сите живи микроорганизми кои позитивно влијаат на организмот на домаќинот подобрувајќи ја рамнотежата на цревната микрофлора. Значи пробиотици се сите добри бактерии кои се наоѓаат во цревата и придонесуваат за подобар имунолошки систем. Денес се познати повеќе од 400 различни видови бактерии кои се наоѓаат во цревата.
Пробиотиците имаат повеќе функции во организмот:
- го спречуваат размножувањето на штетните микроорганизми
- помагаат во апсорпцијата на некои хранливи материи
- ја помагаат перисталтиката на цревата
- учествуваат во синтеза на одредени витамини
Од својата палета на пробиотски производи со врвен квалитет Calivita Ви ги претставува:
Acidophilus, Probio Balance, AC-Zymes, AC-Zymes Plus.
AC-Zymes содржи 2 милијарди ацидофилни бактерии од родот Lactobacillus acidophilus.
AC-Zymes Plus содржи 6 милијарди пробиотски култури (Lactobacillus acidophilus, Lctobacillus bulgaricus, Lactobacillus plantarum, Lctobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum и Bifidobacterium breve) содржи и фруктоолигиосахариди кои имаат улога на пребиотик. Значи AC-Zymes е истовремено и пробиотик и пребиотик (симбиотик).
Probio Balans е квалитетен пробиотик кој содржи 4 милијарди пробиотски култури (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Biphidobacterium longum), содржи и фруктоолигоисахариди – пребиотици кои го помагаат развојот на пробиотските бактерии. Погоден е за деца и луѓе кои имаат потешкотии со голтање бидејќи тоа се таблети за џвакање со приетен вкус на вишна.
Acidophilus покрај 2 милијарди ацидофилни бактерии содржи и 100 мг тропски тегавец кој со својата ферментација во дебелото црево го помага размножувањето на добри бактерии, тој исто така бабри во цревата впивајќи големи количини на вода и токсични материи и ја зголемува перисталтиката на цревата.
Треба да се знае дека лактобацилите се способни да го разградат млечниот шеќер (лактоза) и на тој начин можат поволно да влијаат на клиничката состојба на пациентите со нетолеранција на лактоза. Исто така пробиотиците го претвораат холестеролот во тенкото црево во неефикасен копростанол.
Кога се користат пробиотици?
– за поддршка на цревната флора во услови на стрес
– за нормализирање на цревната флора при користење на антибиотици и цитостатици
– кај пушачи и консумирање на алкохол
– лица со нарушена функција на желудникот и жолчката
– за подобрување и одржување на нормалната цревна флора
– кај сите инфекции на дигестивниот систем (чир на желудник, хроничен затвор, Helicobacter pilori, Кронова болест, воспаление на дебелото црево, проливи.)
– за добро функционирање на имуниот систем!
Употребата на пробиотици е од голема корист за целокупното здравје на луѓето, тие придонесуваат за:
- поголема отпорност на организмот од инфекции и алергени
- подобро функционирање на имуниот систем
- помалку болести
- повеќе енергија
- подобар сон
- подобар квалитет на кожата и слузокожата.




Напишете коментар