Преживејте го стресот со помош на моќта на природните билки и витамините

Ви се тресат рацете? Без причина нервозно реагирате? Имате нарушен сон? Главоболка? Опаѓање на коса? Болки во стомакот? Нестрпливост? Проблеми со памтењето? Се чувствувате обесхрабрено? Сите овие симптоми може да бидат одговор на нашиот организам кон зголемениот стрес. Природата ни подарила неколку билки коишто можат да го освежат или да го смират нашиот нервен систем. Rhodiola rosea со сигурност е една од најдобрите адаптогени билки којашто има антистресно дејство.

Што е стрес?

Најчесто се вели дека стрес е „постојана напнатост“ или „постојана нервоза“.

Поточно: Стрес е одговор на нашето тело на некоја промена којашто предизвикува физичка, психичка или емоционална реакција. Значи, самата промена може да предизвика појава на стрес. Денешниот забрзан ритам на живот постојано предизвикува промени, па затоа не е ни чудно што стресот е постојано присутен.

Сепак, стресот ни е потребен. Како е можно тоа?

Според професорот Selye, канадски лекар и хемичар, кој е познат во светот по своите истражувања за стрес, стресот може да го поделиме во две групи: еустес и дистрес. Еустес, таканаречен „добар стрес“ се јавува во ситуации што можеме да ги решиме, тој не јакне и не стимулира да бидеме попродуктивни. Дистрес или негативен стрес предизвикува фрустрации, беспомошност, разочарување и умор. Целосен недостаток на стрес предизвикува изнемоштеност или апатија, додека пак контролираниот стес може да предизвика болест.

Дали можеме да ги препознаеме стресните ситуации?

Во тешки моменти секој реагира различно, затоа и физичките и психичките промени во однесувањето се различни кај сите. Кога има неочекувана ситуација истовремено може да се појави тресење, потење, забрзан пулс, недостаток на воздух, напнатост во мускулите, главоболка, паника или лутина.

Постојан негативен стрес делува на нашето здравје. Може да предизвика непријатност, депресија, побавни нарушувања, зголемен крвен притисок, нарушен сон, нарушување на менструалниот циклус и на плодноста дури и срцеви проблеми. Според истражувањата стресот е присутен од детска возраст до старост.

Постои ли решение?

Со оглед на тоа дека симптомите се различни, не може да постои едно универзално решение. На некој може да му помогне јога, медитација, таи-чи, некој спорт или антистрес тренинг. На некого му помага чај од билки или ароматерапија, на друг пак прошетка во природа. Покрај избегнување и ублажување на стресните ситуации правилната исхрана исто така може да помогне полесно да се справиме со стресот. Може да помогне употребување на магнезиум, витамини од Б групата или билки како што е на пример Rhodiola rosea.

Rhodiola rosea

… не создава зависност

… нема познати несакани ефекти

… стапува во интеракција со телото и помага да се воспостави рамнотежа

Rhodiola rosea е билка која со години се користи во традиционалната медицина. Тибетанските лекари ја сметале за многу важна и ја користеле во лекување на висинска болест. Монголските лекари ја користеле против туберкулоза, додека пак во Кина се користела за прочистување на крвта и за подобрување на циркулацијата. Кај азиските народи постојат пишани докази во кои се спомнува користењето на коренот на оваа билка за правење на чај и верувале дека оној што ќе го пие чајот секојдневно ќе живее сто години.

Адаптогеното дејство на оваа билка е докажано во минатиот век. Нејзините активни состојки имаат корисно дејство врз централниот нервен систем, па според тоа делуваат и на концентрацијата и на зголемување на физичкиот и менталниот капацитет. Може да помогне во период на учење, спортување, да го намали менталниот замор и да го подобри општото расположение. Го зголемува имунитетот, го ублажува стресот и симптомите што ги предизвикува стресниот начин на живот.

Билката Rhodiola rosea е главна состојка на капсулите Rhodiolin, кои се предмет на постојано проучување во повеќе земји. Експериментите врз животни на универзитетот Camerino утврдиле дека апликација на само една доза екстракт од оваа билка го намалува акутниот стрес.

Истражувањата направени на Медицинскиот фалултет Kaunas во Литванија покажале дека родиола може да биде ефикасна при општа исцрпеност, а исто така може да ја зголеми отпорноста на клетките спрема штетните надворешни влијанија. Корисно може да делува на кардиоваскуларниот систем во случај на аритмија или стрес. Според некои податоци производите што содржат Rhodiola rosea можат да го запрат растот на малигните тумори и да спречат создавање на метастази во црниот дроб.

Calivita Rhodiolin

Капсулите Rhodiolin во Calivita мрежата се присутни на глобално ниво повеќе од десет години и нивната популарност не опаѓа. Некои ги користат за намалување или контролирање на секојдневната напнатост или при ненадејни стресни ситуации. Други ги користат за одржување на нивото на енергија. Ако се земаат пред спиење помагаат во одржување на сонот правејќи рамнотежата на стресот насобран во текот на целиот ден. Поради тоа може да послужат и како дополнување на антидепресивната терапија.

Адаптоген? Тоа е нешто слично со адаптер?

И навистина? Како што електричните уреди (на пр. светилки, компјутери) користат адаптер кој им ја мери потребната количина на електрична енергија, нашиот организам ги користи адаптогените билки толку колку што му е потребно. За разлика од лековите, овие билки не предизвикуваат зависност, немаат познати несакани ефекти и нивниот ефект не се намалува ако се користат подолго време.

За дополнителна борба со стресот корисни се и Б витамините кои ги има во големи (Мега) дози во на нашите производи Mega B Complex и Super Mega 50 и стандардни дози кој ги содржи производот Stress Маnagеment.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑