Подобар имунитет со Бета Глукан!

Бета Глуканот е полисахарид кој го зајакнува имунитетот на природен начин. Бидејќи човековиот организам не го произведува потребно е да се внесе од надворешни извори како што се пивски квасец, печурки (реиши, шитаке и митаке), житарки (јачмен, ’рж, пченица, овес) или преку додатоци во исхраната кои го содржат во значителни количини.

Во традиционалната источна медицина со векови се користел за зајакнување на имунитетот, а во Јапонија официјално е признаен како лек од 1983 год.

Бета Глуканот го стимулира формирањето на коскената срцевина, а со тоа се активира производство на леукоцити и тромбоцити одговорни за борба против инфекции.

Тој ги активира микрофагите и тие стануваат неколку пати поефикасни во препознавање и уништување на причинителите на инфекцијата. Бета Глуканот има способност да ја зголеми имунолошката активност за 50-120% веќе во првите 24 до 72 часа по внесувањето што значи дека има ефект и кога симптомите се веќе присутни, а не само превентивно.

Според испитувањата Бета Глуканот помага во ублажување на симптоми од настинка, грип, респираторни инфекции предизвикани од вируси и бактерии.

Покрај тоа ги ублажува симптомите од алергии, го намалува нивото на холестерол, спречува хроничен замор, го регулира нивото на шеќер во крв, делува превентивно во развој на карциноми и значително го скратува времетраењето на сите болести.

Од палетата производи за поддршка на имунитетот Calivita Ви го претставува Immunvirex кој претставува уникатна комбинација на бета глукан, витамини, минерали и растителни активни состојки.

Благодарение на квалитетните активни состојки, овој производ на Calivita ја поддржува одбранбената способност на организмот на шест нивоа:

  1. Го подготвува телото за напад на патогените.
  2. Овозможува запирање на дејството на патогените.
  3. Обезбедува правилно функционирање на имунолошкиот систем: ја контролира недоволната или прекумерната активност.
  4. Антивоспалително дејство.
  5. Може да го инхибира развојот на цитокинска бура и згрутчување на крвта.
  6. Може да обезбеди поблаги симптоми и побрзо закрепнување.

Кога се препорачува?

  • За да се овозможи ефикасна заштита од инфекции
  • За да се постигне природна комплексна имунолошка поддршка
  • За да го подготвиме организмот од напад на патогени
  • Да се зајакне отпорноста на организмот пред и за време на сезоната на настинки
  • Во случаи на често разболување – на сите кои брзо се заморуваат и се изложени на психички или физички стрес.

Immunvirex не содржи адитиви и средства за боење и капсулата е 100% од растително потекло. Една капсула дневно содржи комплексна мешавина од активни состојки за кои е докажано дека можат да му помогнат на Вашето тело во одбрана од патогените.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑