Мирна ноќ со Мелатонин

Мелатонин е супстанција која нормално се создава во нашиот организам, односно во нашиот мозок. Него го создава пинеалната жлезда или епифиза.

Мелатонинот се создава од серотонинот, за да има доволна количина на серотонин во организмот потребно е да внесуваме доволно триптофан, тоа е аминокиселина која не се создава во организмот и треба да се внесува преку храната. Најмногу ја има во јаткастите плодови, серење, какао.

Во процесот на претворање на серотонин во мелатонин важни се и магнезиум, цинк, витамин Б6.

Неговото лачење е стимулирано од недостаток на светлина. Тој започнува да се лачи после осум часот навечер. Најголема концентрација на мелатонин има меѓу полноќ и осум часот сабајле, а максимално се лачи меѓу два и три часот после полноќ.

Мелатонинот во организмот е важен за повеќе биолошки функции:

  • го регулира циклусот на будност-спиење и овозможува квалитетен сон.
  • Важен е за процесот на учење, регулирање на телесната температура, крвниот притисок
  • има антиоксидантско дејство
  • влијае врз развојот на фетусот
  • помага во многу хормонски процеси
  • го јакне имунолошкиот систем (штити од вируси)

Создавањето на мелатонин почнува да опаѓа во средината на третата деценија од животот. Фактори кои негативно влијаат врз негово создавање се:

  • стрес,
  • светлина во текот на ноќта,
  • недоволна изложеност на светлина во текот на денот,
  • работа во смени,
  • промена на временската зона при патување,
  • дигиталната технологија.

Се препорачува кога има тешкотија при заспивање, често будење во тек на ноќта, немирно спиење, проблеми со заспивање при депресија и анксиозни нарушувања и проблеми со спиење кај деца.

Дозирање е од 1 до 5 мг, 30 до 60 минути пред спиење во зависност од возраста и телесната тежина. Кај деца од 0,5 до 3 мг во консултација со лекар.

Мелатонинот на Calivita е во форма на капсула од 1 мг, со продолжено дејство. Се почнува со 1 мг. ефектот се постигнува после 5 до 7 или 10 дена, бидејќи тоа е природна супстанција која постепено го враќа сонот во рамнотежа. Дозата постепено се зголемува до 3 или 5 мг.

Не предизвикува зависност, поспаност, зашеметеност и психофизичка успореност.

Треба да се знае дека:

  • во комбинација со седативи се потенцира нивното дејство,
  • го намалува згрутчувањето на крвта,
  • пушачите побрзо го метаболизираат и за постигнување ефект кај нив потребни се повисоки дози
  • контрацептивите го зголемуваат нивото на мелатонин,
  • за трудници, жени кои планираат бременост и доилки нема клинички податоци и но сепак за нив не се препорачува.

Дознајте уште повеќе: https://melatoninmk.calivita4.me/

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑