
Благодарение на својата ефективност, овој производ нуди моќна заштита на кожата, очите, крвните садови и слузниците, кои се најизложени на штетните влијанија од околината!
1 производ – 15 антиоксиданти!
Пролетта започна и сè повеќе ќе бидеме изложени на сончевите зраци. Нашето тело ја сака топлината, a сончевата светлина ја буди во нас енергијата, помага во создавање на витаминот Д (за поцврсти коски и подобар имунитет), го активира хормонот на среќата, а тоа е причината и зошто во текот на сончевите месеци сите сме побудни и поактивни. Сончевата терапија може на сите многу да ни помогне доколку имаме проблеми со кожата, како псоријаза, но не треба да заборавиме дека покрај сите придобивки, постојат и одредени опасности поврзани со ултравиолетовите зраци (УВ-А, Б, Ц).
Зошто ни е потребна заштита
УВ-Ц зраците се најкратки и најопасни, но за среќа не продираат до земјината површина. УВ-Б зраците се со малку подолги бранови и се одговорни за ефектите од сончањето како црвенило, потемен тен, но и стареење/ збрчкување на кожата. УВ-Б зраците имаат и позитивен ефект, бидејќи го поттикнуваат создавањето на активната форма на витаминот Д3, кој е одговорен за растот и цврстината на коските, како и нормалната функција на нервниот систем. УВ-А зраците се со најдолга бранова должина, поради што продираат најдлабоко во кожата и предизвикуваат создавање на слободни радикали со пропратно стареење на кожата и промени во структурата на ДНА молекулите.
Заштита е потребна во текот на целиот живот, особено за време на сончевите месеци
Кожата треба да се штити од најмала возраст бидејќи таа има многу значајни функции во телото. Со оглед на тоа дека ризикот од настанување на рак на кожата може да се поврзе со изложеноста на УВ зраците во текот на целиот живот, превенцијата од сончевите зраци треба да започне уште од најраното детство. Покрај кожата, треба да ги заштитиме и нашите очи. Овие два органи најефективно ќе ги заштитиме со внесот на доволно антиоксиданти. Се повеќе постои потреба од овој вид на заштита бидејќи озонската обвивка која е еден вид на филтер, во последните 30 години е намалена за дури 10%! Затоа покрај надворешната заштита, со помош на антиоксидантите треба да создадеме и внатрешен штит.
Mega qProtect – Мега животна заштита!
Овој производ претставува комплетна антиоксидантна заштита која ќе ни помогне да уживаме во благодатите на сончевите зраци. Mega qProtect овозможува 15 пати помоќна антиоксидантна заштита од стандардните антиоксидантни формули кои содржат само неколку состојки во својот состав. Mega qProtect содржи 8000 ИЕ бетакаротен во својот состав, заедно со 14 други антиоксиданти.

