
7-22 Јуни 2022, GHotels Holiday Resort, Калитеа, Халкидики, Грција
Релаксирано, на свеж воздух, забава со пријателите на сонце. Многу можности за учење, истражување и личен развој. Погодувате, станува збор за летниот камп на Calivita, најинтересната програма за ова лето!
Поради тешкотиите што ги предизвика пандемијата, чекавме две години за да можеме повторно заедно да поминеме незаборавна дружба. Време е повторно да се организира еден од најживописните меѓународни настани на Calivita, од 17-22 јуни 2022 год. Ве покануваме на една од најпопуларните летни дестинации во Грција, сместена на источниот брег на полуостровот Касандра на Халкидики.
Дојдете и придружете ни се на една недела забава, доколку верувате во здрав начин на живот, ако ги консумирате и сакате производите на Calivita, ако Вашиот бизнис Ви овозможува доволно слобода, верувате во моќта на тимската работа или едноставно сакате да доживеете незаборавна недела на авантура со пријателски расположени луѓе.
Загарантирано ќе се забавувате цела недела со богатата програма што ви ја нудиме. На пример: професионални програми како што се обуки и работилници, фитнес активности, часови по танц, игри, спортски натпревари, и екскурзии. Нормално, има време и за плажа и опуштање. Од вас зависи во што активно ќе сакате да учествувате, ништо не е задолжително. Распоредот на програмата може да го видите на https://calivita.mk/summercampgreece
Не двоумете се, посетете ја веб-локацијата и испратете апликација сега и не заборавајте да ги поканите пријателите, деловните партнери и луѓето кои ги сакате. Ве очекува летниот камп на Calivita и Халкидики!
