Нова година, нови предизвици!

Нека 2022 биде најдобра Ваша деловна година до сега! Што треба да направите за тоа? Во оваа статија ќе Ви претставиме четири важни стратегии за градење бизнис.

На што треба да внимавате во новата година и на што да се фокусирате?

Првата стратегија е: како да ја ширите и продлабочувате мрежата. Ако сте на почеток на бизнисот ќе започнете да ја ширите мрежата за да стигнете до 10% деловно ниво во кое 4-7% е поради купување на Вашите директни членови. Тогаш ќе може да размислувате за продлабочување на мрежата.

Вашиот бизнис ќе почне да напредува кога ќе му помогнете на некој од Вашите членови да направи презентација. Често пати овие маркетинг предавачи може да Ви овозможат 5-то или 6-то ниво. Замислете каква деловна стабилност ќе имате кога ќе стигнете до 10-то ниво!

Но, кога ја продлабочувате мрежата, никогаш не го занемарувајте и ширењето! Тоа е важно од повеќе аспекти, ширењето на мрежата Ве држи постојано во акција, Ви нуди решенија, Ви овозможува поголем диференцијален бонус, а тоа значи повисоки приходи. Значи, во текот на работата мора да се концентрирате и на двете бидејќи продлабочувањето Ви овозможува стабилност, а ширењето на мрежата Ви обезбедува пари!

Втората стратегија е: да работите паметно наместо напорно! Calivita за таа цел ви обезбедува повеќе алатки како што се групни нарачки, официјални објави на социјалните мрежи, myshop и mysite алатки. Искористете ја секоја прилика!

Третата стратегија е: да обрнете внимание на Вашите бонус поени! Calivita наградува за добро структуриран бизнис. За да го максимизирате бонусот три пати стартувајте навреме уште кога ќе стигнете на деловно ниво од 7%. Ако го засилите бонусот на ниво од 10-15% ќе имате добивка на прогресивен бонус од 12-21%. Со тоа се зголемува Вашата исплата!

Четвртата стратегија на којашто треба да обрнете внимание е дека иднината е во одржување на континуитет. Размислете каква промена може да се случи во Вашата мрежа ако со сите со кои сте биле во контакт последниве 90 дена разговарате за Calivita! Доколку истото го направите и со Вашите деловни партнери тоа може да биде огромна можност за проширување и продлабочување на мрежата!

Влезете во 2022 год. со стратегија за градење на бизнис! Верувајте дека успехот е неизбежен, работата ќе расте, но ако работите паметно полесно и побрзо ќе постигнете поголеми резултати!

Calivita Be поддржува и Ви нуди совршени деловни решенија!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑