Уживајте во посветла иднина

Нова OrganiCare биоразградлива четка за заби со антибактериска заштита

Дали може да замислите дека вашата прва четка за заби, со која сте ги миеле забите како дете, сè уште постои во некоја форма?  Во принцип можно е бидејќи времето што е потребно за една просечна пластична четка за заби да се распадне е околу 500 години… „Зошто е тоа толку важна работа? На крајот на краиштата, тоа е само мала обична четка за заби…“, можеби ќе рече некој. Но, ако размислите добро само во Европа, повеќе од 45 тони пластични четки за заби завршуваат како отпад секоја година, а Вие можете да направите нешто за да ја намалите таа бројка!

Каде е проблемот со четката за заби?

Најголемиот проблем со четките за заби е што тие не можат да се рециклираат, бидејќи пластиката што се користи за нивно производство не може доволно да се иситни за да се рециклира. Така доаѓа до труење на  почвата, водата и живиот свет. Ова е огромна штета и треба сите да превземеме одговорност и да најдеме соодветна замена за пластичните четки за заби. На овој начин ќе ја заштитиме природата и нашата околина.

Да најдеме баланс  меѓу  хигиената  и екологијата

Соодветната  замена за четка за заби што треба да ја користиме не е лесно да се одбере, бидејќи често пати се случувало четките за заби направени од бамбус да бидат добра подлога за бактериите бидејќи тешко се сушат.. Ние  долго време баравме решение, вложивме многу труд и време и направивме темелни истражувања за да ја пронајдеме совршената четка за заби која ќе ја овозможи   потребната хигиена, а во исто време ќе ги исполнува и еколошките критериуми.Резултатот е антибактериската четка за заби Calivita OrganiCare, која е пионер на пазарот. Таа е хигиенска, антибактериска и биоразградлива, а со тоа и еколошка.

Биоразградлива

Рачката на четката за заби OrganiCare е направена од т.н. биопластика која е нус производ на целулозата што се добива при обработката на дрво кое потекнува од еколошка средина. Самата рачка е 100% разградлива и има мазна пластична површина која брзо се суши и затоа нема можност за размножување на бактериите на неа.

Антибактериска

Технологијата на изработка на влакната е на два  начина. Надворешните влакна се од растително потекло, од растението рицинус. Тие се распаѓаат во неоргански соединенија, кои потоа во почвата се достапни за повторна апсорпција од страна на растенијата. Внатрешните влакна пак,  се третирани со сребро со цел поуспешно да го спречат размножувањето на микроорганизмите. Влакната се направени во четири различни нијанси (зелена, жолта, сина и розова) за да може полесно да ги разликуваат членовите на семејството.

Изберете ја органската четка за заби CaliVita OrganiCare , која ќе биде достапна од Нова година и погрижете се да спречите дополнително загадување на животната средина.На овој начин ќе имате позитивно и  трајно влијание врз светот и врз иднината на вашите внуци. Секако, не заборавајте да продолжите да собирате и селектирате пластика  за да може отпадот да се рециклира!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑