Продолжете да сјаете заедно со Calivita!

Како што може да претпоставите , 2021 година е посебна година за мене и за нашата заедница Calivita International.

Поминаа 30 години откако ја основав компанијата и почнав во Европа  да продавам американски високо квалитетни додатоци во исхраната. Мојата цел беше да понудам широк спектар на квалитетни додатоци во исхраната и да изградам заедница на истомисленици, потрошувачи и дистрибутери кои ќе се грижат за здравјето на луѓето. Од самиот почеток верував дека продажбата на вискоквалитетни производи по многу пристојни цени ќе биде добра деловна можност за многумина.

Мојата животна цел е да им помогнам на другите да водат посреќен и поуспешен живот. Сватив дека без разлика на возраст, пол и земја на потекло, сите имаме иста цел, а тоа е хармоничен, среќен и успешен живот без финансиски тешкотии. Исто така, сакаме да бидеме горди на нашите лични успеси, успехот на нашето семејство, заедницата и нашата земја. Сакаме да бидеме почитувани, препознаени и соодветно наградени за нашата работа.

Нашиот заеднички успех се темели на успехот на  секој поединец!

Сите бевте извонредни минатата година. Во 2021 година ја прославивме 30 годишнината од постоењето на нашата сакана креација наречена CaliVita.

Со CaliVita секој може да биде успешен, од искуство знаеме дека доколку имаме поставено јасни цели и секојднево посветено работиме на нивно остварување тоа ќе се исплати повеќекратно.

Вашиот успех ќе се зголеми ако внесете хуманост и чувство во Вашиот бизнис. Никогаш не ја потценувајте сопствената сила и силата на заедницата на истомисленици. Следете ја визијата на CaliVita, тука вистинските вредности  секогаш се наградени.

Заедно создадовме нешто за кое вреди да се живее. Чувствувам огромна гордост кога гледам како се зголемува бројот на семејството што заедно го создадовме. Ова проширено семејство чекори по патот на успехот помагајќи си еден на друг и остварувајќи ги своите лични и заеднички соништа. Заедно сме посилни! Заедно можеме! Секогаш сме тука еден за друг!

Ќе ги завршиме  првите 30 години и ќе ги почнеме следните 30 во наш стил.

За да ја прославиме нашата 30 годишнина ќе направиме целосно ребрендирање, ги менуваме веб-страниците, налепниците на производите ќе добијат нов дизајн, ќе ги ажурираме логото и слоганот.

Во првите 30 години од постоењето на CaliVita забележавме огрома промена во изборот на потрошувашите, водевме грижа за желбите на потрошувачите, ги следевме трендовите на купување и воведовме дигитално плаќање. Бидејќи пазарот е преплавен со многу брендови, од суштинско значење за успех е да се има силен и уникатен бренд.

Последниве неколу месеци ги поминавме создавајќи нова визија за CaliVita, преиспитувајќи ја нашата сила, следејќи ја конкуренцијата, фокусирајќи се на вредностите на нашата компанија, работејќи на подобрување на начинот на комуникација со цел да создадеме нова стратегија за нашиот бренд. Ќе го претставуваме  нашиот  бренд преку присуство во медиумските канали, флаери за производи, објави на социјалните мрежи и др.

Карактеристика на нашата нова платформа е жолтата точка, која го претставува сонцето и затоа нашата платформа  вели „Shine On“, тоа е и нашиот нов слоган.

Повеќе информации за ребрендирањето може да прочитате во нашето списание.

Ви благодарам за големата 2021 година и за изминативе 30 години и сите заедно во следните 30 години да бидеме уште поуспешни и посреќни.

Среќни празници, Среќна Нова Година и „Shine On“.

Gerry Hargitai
Основач и претседател

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑