
Нови производи 2021 година
Нашиот 30-ти роденден не поттикна уште повеќе да ја прошириме нашата широка палета со производи кои ќе бидат од голема корист за нашите клиенти.Во 2021 година ставивме повеќе акцент на развој на нови производи со цел да одговориме на новите предизвици на денешново време и да ги задоволиме потребите на потрошувачите со соодветни додатоци во исхраната и хигиената. Така создадовме повеќе производи: Immunvirex – производ наменет да не поддржи во борбата против патогените, Shake One Pure- вегански протеински производ во форма на прав, Nordic Pure Omega 3 Liquid – омега 3 масни киселини во течна форма и #cheerUp – нашето ново решение за подобрување на расположението.

Immunvirex
Борбата против инфекциите што ја одбележа 2020 година продолжи и во текот на оваа година. Но, благодарение на Immunvirex, нашиот нов производ за зајакнување на имунитетот, членовите на Calivita сега се поподготвени да се одбранат од нападите на патогените. Овој нов производ е уникатна комбинација од витамини, минерали и лековити билки кои му обезбедуваат дополнителна поддршка на нашиот организам во борбата против патогените, го спречува развитокот на инфекцијата и ги намалува компликациите.

Shake One Pure
Оваа година се повеќе млади луѓе почнаа да вежбаат и да применуваат поздрави навики во исхраната. Ние во Calivita сакавме да ги поддржиме со нашиот нов производ Shake One Pure. Ја намаливме содржината на масти и јаглехидрати, ја зголемивме содржината на протеини кои се 100 од растително потекло, а специјалната состојка Palatinose™ во производот, обезбедува одржување на стабилно ниво на гликоза во крвта.

Nordic Pure Omega 3 Liquid
Овој производ е дизајниран со цел да ги задоволи специфичните потреби на децата и постарите лица за омега 3 производите лесни за употреба. Го одбравме најчистиот можен извор: нашиот течен додаток потекнува од риби од еден од најчистите водни региони во светот, во близина на брегот на Исланд. Овој производ е исто така без вештачки адитиви, без шеќер, конзерванси, глутен, лактоза и млечни протеини, па дури и без вкус на риба! Станува збор за течен производ со зголемена содржина на DHA, кој е наменет за посебните потреби на овие возрасни групи, со што го поддржува развој и континуиранот здраво функционирање на нервниот систем.

#cheerUp
Настаните во изминатата година прилично ги исцрпија резервите на нашата физичка и ментална сила. Тоа пак, не инспирираше да создадеме нов производ за Вас, новиот #cheerUp. За своите состојки, овој новитет во палетата на Calivita се потпира на специјална комбинација на природни
активни супстанции, за да го подобриме нашето расположение на природен синергистички начин и да можеме да уживаме во хармонија додека ја извршуваме нашата секојдневна рутина. Она што го прави #cheerUp навистина неверојатен производ е тоа што неговите состојки се моќни, но во исто време нежни, без никакви несакани ефекти или ризик од развој на зависност. Активните состојки се во органска форма и лесно се апсорбираат. Доаѓаат во комбинација со природни носачи, во вид на таблети од растително потекло.
Секако, нема да престанеме да се развиваме ниту во 2022-та година, а на самиот почеток на следната година ве очекуваат нови производи: биоразградлива антибактериска четка за заби Organicare, која е целосно хигиенска и еколошка. Дополнително, воведуваме и сосема ново семејство на органски есенцијални масла на Calivita, како и многу други додатоци со врвен квалитет!




Напишете коментар