
Calivitа покрај тоа што секогаш нуди иновативни решенија во развојот на производите и деловните алатки, нејзин приоритет е и континуирано подобрување и обновување на изгледот на брендот следејќи ги актуелните трендови и барањата на потрошувачите. При тоа веќе докажаните вредности остануваат непроменети. Овој пристап доведе до нов изглед на нашиот бренд кој од сега натаму ќе го среќавате и препознавате на се поголем број платформи.

Во првите 30 години од постоењето на Calivita забележавме огромна промена во изборот на потрошувачите, водевме грижа за нивните желби, ги следевме трендовите на купување и воведовме дигитално плаќање. Бидејќи пазарот е преплавен со многу брендови, од суштинско значење за успех е да се има моќен и уникатен бренд.
Последниве неколу месеци ги поминавме создавајќи нова визија за Calivita, преиспитувајќи ја нашата сила, следејќи ја конкуренцијата, фокусирајќи се на вредностите на нашата компанија, работејќи на подобрување на начинот на комуникација со цел да создадеме нова стратегија за нашиот бренд.
Тоа не значи само ново лого, туку и репозиционирање на Calivita како водечки бренд кој се грижи за здравјето на луѓето и претставува современ начин на живот. Ова е компанија која се грижи за желбите, потребите и барањата на новата генерација потрошувачи и која е лидер во областа на глобалниот Share Marketing.

Нашиот нов бренд ќе биде препознатлив преку новата слика од реклами, флаери за производи, објави на социјални мрежи и многу повеќе.
Белег на нашата нова платформа е жолтиот круг, кој го претставува сонцето и затоа нашата нова платформа вели ,,Shine-On”- блескај, тоа е и нашиот нов слоган . Блескај-значи да се зрачи со позитивност и да се биде симбол на нови можности и промени.
За да ја пренесеме целосно новата порака на нашиот бренд, решивме да го смениме и името на магазинот CaliNews и од сега нашиот популарен квартален магазин ќе се вика „Shine On “.

Се погриживме и нашата нова веб-страна да биде потранспарентна, полесна за користење, освежена и подобрена во секој поглед за може лесно да ги следите тековните содржини и најновите трендови.
Продолжуваме со нов изглед, а нашите вредности: иновативност,позитивност и благосостојба за сите, остануваат исти.
Добредојдовте во посветла иднина со Calivita!

Напишете коментар