
Уште од самиот почеток, целта на CaliVita e да им овозможи на своите редовни членови да живеат подобар живот. Во изминативе триесет години, нашата компанија им помогна на илјадници луѓе не само да водат поздрав живот, туку и да си обезбедат финансиска сигурност. Ова се должи на визијата и искуството на нашите врвни менаџери кои се со тимот на CaliVita уште од самиот почеток.
Прекрасно е чувството да се припаѓа овде!
Да се биде прв во нешто е одлично чувство, но никогаш не можев да замислам дека можам да бидам прва и да постигнам ваков животен успех. Горда сум што бев првиот член што се регистрираше во CaliVita и што станав првиот деловен партнер на нашата компанија!
Витамините кои во тоа време ми беа сосема непознати, понатаму одиграа многу важна улога во мојот живот. Мојот покоен сопруг и јас почнавме да градиме бизнис во февруари 1993 година. Активно и посветено јас се занимавам со истиот бизнис и денес (најчесто онлајн поради пандемијата).

Ако ме прашате што ми даде CaliVita, можам да одговорам само со еден збор: Се! Јас и мојот сопруг набрзо заработивме толку многу што можевме да се потпреме само на овој бизнис. Многумина се уште скептично ме прашуваат: ,,Дали навистина можеш да живееш само од ова?” ,, Зошто да не! Се разбира дека можете доколку сте решени и подготвени да работите напорно.” Всушност, за неколку години успеавме да изградиме бизнис што ни донесе приход за да може целото наше семејство да живее добро. 30 години е доста долг период, но и списокот на работите што ми ги овозможи CaliVita е долг. CaliVita ни го исполни целиот живот! Работата во CaliVita ни овозможи да изградиме куќа и да купиме автомобил, да го видиме светот, целото семејство можеше да патува! Можевме да им го овозможиме на децата посакуваното образование, вклучувајќи и плаќање на школарина во странство. CaliVita ни обезбедува финансиска сигурност до ден-денес. Благодарение на CaliVita се дружев и запознав многу луѓе, некои од нив се мои пријатели од самиот почеток од денес. И сега, кога сум блиску до пензија, можам со право да кажам дека нама потреба да се грижам за моите финансии кога ќе се пензионирам , бидејќи имам приход -,,пасивна” заработка од мојот бизнис – загарантирана од сосема доверлива компанија.
Среќена сум и благодарна што сум овде, што не се откажав во тешките времиња и нема никогаш да се откажам, бидејќи CaliVita е тимот на кој сакам да припаѓам. Одлично е чувството да се припаѓа во овој тим, а исто така и многу исплатливо!
Чила Синеге, TSPM, Унгаријa


Ги живеам моите соништа!
Во летото 1995 година , токму среде тежок период од мојот живот, среќата тропна на мојата врата. Среќна сум, затоа што го најдов својот пат и решение за моето страдање, кое донесе радикална промена во мојот живот. CaliVita во исто време стана моја работа, моја професија, мој живот и секако моја страст.
На почетокот морав многу да научам, работев напорно, но и доживеав успех како никогаш до сега. Чувствував дека токму ова е тоа што го посакував цел живот! Секако , за да постигнам успех, морав да ја напуштам мојата комфорна зона. Гледајќи наназад, сите околу мене ги охрабрувам да не ја пропуштат оваа можност.

2005 година за мене беше година на Златна палма. 2007 година повторно, но овој пат двојно злато! Животот го живеам со многу задоволства, прекрасни патувања, работа што ме исполнува и прекрасна екипа што ме опкружува.
Секогаш кога ми беше потребно имав поддршка од компанијата, од моите спонзори , како и од претседателот Џери Харгитаи.
Многу ми значат финансиската сигурност, ,,пасивната заработка” и заедницата на која со задоволство и припаѓам. Но, ова не е се што ме мотивира, да го додадеме и фактот што можам квалитетно да уживам во слободното време. Ова можеби е најважната вредност што ја добив.
Одлично здравје, слободно време, пари, личен развој, прекрасна заедница и можност да им помагам на другите – сето тоа ми го овозможи CaliVita. Среќна сум што можам да живеам вака…Да ги живеам моите соништа!
Ева Пап, ДГПМ, Романија

Според моето образование, јас сум педијатриски стоматолог и ја сакав таа работа, но не ми го овозможи начинот на живот за кој сонував.
Сонував за елегантен и убав живот, за мене и моето семејство.
За мене CaliVita е место каде што се вреднуваат добрината и посветеноста, тука се чувствувате важен и како соработник и како човек.
CaliVita нуди решение за секој предизвик, тоа е бизнис по мерка на човекот, тука човекот е пред профитот. Бидејќи тука не постои себичност, ќе сретнете милионери кои сакаат да Ви помогнат да успеете.
За мене мерило на успех е бројот на луѓе на кои сум им помогнала да тргнат по патот на самореализација.
Прекрасно е чувството кога можете да помогнете некому и да го пренесете своето искуство на другите.
Горда сум на мојот Златен тим, кој сака, верува и очекува уште поголеми успеси, бидејќи СО СТРАСТ ЛЕСНО СЕ СТИГНУВА ДО ЦЕЛТА.
После речиси 30 години, можам да кажам дека вредеше и благодарна сум на сите мои спонзори и компании кои ми помагаа и ми овозможија речиси четврт век да уживам како секој ден да е „ Недела“, а животот како еден убав и голем одмор.
д-р Ирена В. Радојевиќ ГПМ, Србија


Напишете коментар