
Почитувани Корисници, соработници и менаџери
Како што се ближи крајот на оваа година, се чувствувам задоволен и горд бидејќи заедно покажавме дека и покрај континуираните општествени проблеми кои ни ги предизвикува пандемијата, го продолживме успешниот тренд на напредок. Голем предизвик е во тешките општествени услови да се направат промени и затоа сум посебно горд на многумина од Вас кои покажаа големи трансформации и напредок како на лично така и на професионално поле. Само во темнината може да се види светлината, а ние во мрачните времиња како Компанија успеваме да блеснеме како членови на една заедница на која приоритет и е заедничкото здравје и бизнис напредок. Токму тој одблесок доведе до големата промена и ја означи СВЕТЛАТА ТОЧКА за новото лого на Calivita. Од сега ќе бидеме препознатливи по трендот SHINE ON кој го претставува сјајот на калифорниското сонце. Оваа година Компанијата претстави неколку нови производи, инспирирани од потребите на модерното време, а согласно со најновите научни трендови. Тука сакам да најавам и многу новини кои ќе следат во Новата година. Наскоро ќе бидат достапни во мрежата течната Omega 3, #CheerUp, органската четка за заби, новите органски масла, како и други квалитетни производи и алатки за кои треба да нè следите …
Ви посакувам Новата 2022 година да ја започнете со нова инспирација, нови цели и нови успеси. Ви посакувам да најдете храброст и работите да го земете во свои раце, а деновите кои доаѓаат да ги креирате според сопствените желби. Ви посакувам секој ден да Ви биде исполнет со смеа, радост, љубов, нови и стари добри пријателства и секако добро здравје поддржано од нашите производи.
Ви посакувам Среќна Нова Година и среќни Божиќни празници …
М-р Александар Апостолов
Управител на Мак Фит дооел,
заедно со тимот на Calivita Makedonija

Напишете коментар