Virago – вирусите се спремни бидете и Вие!

Силниот имунитет е темел на здравјето и долговечноста, но дури и луѓето со јак имунитет треба да се грижат за своето здравје бидејќи секојдневните активности го исцрпуваат организмот. Од друга страна пак, со ладните денови кои се доаѓаат, се повеќе ќе бидат присутни и разни вирози и воспаленија на дишните патишта кои можат да бидат многу непријатни за сите генерации. Затоа е корисно секогаш да се имаат при рака природни производи кои можат да помогнат при овие состојби. Од витамините и минералите тоа се: витамин Ц, цинк и витамин Д, а од лековитите билки одамна познати за јакнење на имунитетот се: листот од маслинка, лукот и бозелот. Во поново време на располагање ни се и билките од далечните краишта за кои е утврдено дека го јакнат имунитетот на природен начин, а исто така и го спречуваат дејствувањето на вирусите и бактериите. Тоа се: ехинацеа (Ehinacea), тахебо (Pau D’Arco), мачкина канџа (Uncaria Tomentosa).

VirAgo е растителен производ во форма на таблети, наменет за поддршка на имунитетот. Неговите активни состојки дејствуваат на два начина: директно ги уништуваат вирусите и ја зголемуваат ефикасноста на одбранбените клетки. VirAgo се препорачува за луѓе со послаб имунолошки систем кои често имаат херпес, оние кои се склони кон респираторни инфекции, кои имаат ХПВ инфекција (генитални или кожни инфекции), луѓе со нарушен имунолошки систем (малигни болести), луѓе кои страдаат од хроничен замор и исцрпеност. Најдобар ефект се постигнува ако VirAgo се зема во комбинација со пробиотици (Acidophilus/Acidophilus PLUS, Probio Balance, AZ-Zymes).

Ефикасното дејство на овој производ на CaliVita се должи на неговиот природен состав кој содржи шест природни активни компоненти.

Дали знаете дека тахебото кое е позната билка во Јужна Африка се употребува со векови за третман на одредени инфекции, дијабет и некои видови на карцином?

ЕКСТРАКТ ОД ЛИСЈА ОД МАСЛИНКИ кој има антимикробно, антиинфламаторно и антиоксидантно дејство. Докажано е дека ова лековито растение е ефикасно во бактериски и габични инфекции, додека чајот од листови од маслинка се користи како антипиретик, за намалување на треската.

Л-ЛИЗИН е аминокиселина која може да обезбеди ефикасна заштита од одредени патогени, но нашето тело не може да ја синтетизира. Затоа, дополнително внесување на Л-Лизин е особено препорачливо за луѓе кои се склони кон херпес или настинка.

МАЧКИНА КАНЏА (Uncaria Tomentosa) долго време се користела кај племињата кои живееле во тропските дождовни шуми како антиинфламаторно средство во случај на инфекции. Поради позитивниот ефект врз имунолошкиот систем е популарен лек во третманот на болести предизвикани од разни патогени.

ТАХЕБО (Pau D’Arco) се користел во народната медицина со векови за инфекции и астма. Бројни студии го докажаа неговиот имуностимулирачки ефект, а исто така има аналгетски и антиинфламаторни ефекти.

ЕХИНАЦЕА (Ehinacea) го спречува растот на патогените агенси што предизвикуваат грип и ја зајакнува одбраната на телото. Исто така ова растение ја зајакнува функцијата на белите крвни клетки, што може да помогне да се спречи настинка или да се скрати нејзиното времетраење и да се ублажи сериозноста на симптомите.

ЦИНК го стимулира производството на клетките на имунолошкиот систем и го спречува растот на патогени кои предизвикуваат настинки. Со тоа го скратува времетраењето на настинките и да ја ублажува сериозноста на симптомите на заболувања на горните респираторни патишта.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑