Liquid C+ bioflavonoids – пријатен вкус без додатоци и шеќери!

Liquid C+ е специјално формулиран производ кој покрај природниот витамин Ц што потекнува од портокал и лимон, ги содржи и биофлавоноидите рутин и хесперидин, шипка и ацерола. Овој производ е наменет за целата фамилија, а поради својата течна форма можат едноставно да го користат и најмладите. Има пријатен благо-кисел вкус и едноставно може да се дозира во чаша вода, овошен јогурт или друг омилен пијалак. Liquid C+ не содржи конзерванси, нема додадено шеќер и вештачки засладувачи. Неговата природна арома се должи на природните состојки од ацерола, органски нектар од агава, шипка и цитруси. Витаминот Ц ни е неопходно потребен преку целата година, а во зима посебно му помага на имунолошкиот систем во одбрана од бактерии и вируси. Тој има исто така важна улога во апсорпцијата на железо, придонесува за правилно функционирање на нервниот систем, го штити сврзното ткиво, кожата, коските и ’рскавицата, исто така има позитивно делување и на циркулацијата. Шипката која влегува во составот на овој производ е богат извор на витамин Ц и дополнително содржи каротеноиди и флавоноиди кои имаат антиоксидативни својства. Тоа уште повеќе го зголемува ефектот на овој производ, а неговата вкусна арома го прави уште попријатен за консумација. Рутинот и хесперидинот кој се дел од составот, се биофлавоноиди кои имаат антиоксидантно дејство и се исклучително важни за нашето тело бидејќи ги одржуваат нашите крвни садови здрави, додека пак ацеролата е еден вид на цреша позната како богат извор на витамин Ц.

Liquid C е сложена формулација наменета за целото семејство. Поради течната форма едноставно може да го користат од најмлади до најстари.

Нашиот производ Liquid C со биофлавоноиди и шипка може да биде одлична подготовка за претстојните студени денови. Синергистичкото дејство на неговите состојки помага во подобра апсорпција и искористување во телото.

Шипката што ја содржи овој препарат е богат извор на витамин Ц, но и на каротеноиди и на флавоноиди коишто имаат големо антиоксидантско дејство. Оваа состојка освен што го зголемува ефектот на производот, влијае и неговиот пријатен вкус. Во составот се наоѓаат и биофлавоноиди меѓу кои и рутинот. Тој е антиоксиданс кој има важна улога во одржување на крвните садови. Најголем природен извор на рутин се цитрусите коишто содржат голем процент на витамин Ц. Друг важен антиоксиданс кој го има во составот на овој производ е хесперидинот кој ја помага апсорпцијата на витамин Ц и има важна улога во борба против слободните радикали. Ацеролата или Антилска цреша е уште една состојка која денес е многу популарна поради високата концентрација на витамин Ц во споредба со другото овошје и затоа со право се нарекува витаминска бомба.

Производот не содржи шеќери и вештачки засладувачи. Природниот вкус на производот потекнува од неговиот природен состав: ацерола, органски нектар од американска агава, шипка и цитруси коишто нашиот организам го снабдуваат со потребната количина на витамин Ц.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑