
Кога ќе го слушнете терминот „Омега 3“, веројатно сите Вие веќе знаете за што се работи. Сите имаме видено барем некоја реклама или производ на полиците на продавниците за храна: маргарин збогатен со омега 3, масло за јадење со омега 3, итн. Се разбира, ова не е случајно бидејќи ова скапоцено масло е надалеку познато по ефектот врз здравјето на крвните садови и целиот кардиоваскуларен систем. Исто така е корисно за нервниот систем, па дури и за имунолошкиот систем, иако ретко може да слушнете дополнителни информации за овие ефекти. Во продолжение, ќе се обидеме да ги објасниме помалку познатите ефекти и во исто време да ја искористиме оваа прилика за да Ви го претставиме нашиот сосема нов премиум производ во течна форма од гамата на омега-3: Nordic Pure Omega 3 Liquid.

БОГАТСТВО ОД СЕВЕРОТ / ПРЕСВРТНИЦА ВО ЧОВЕЧКАТА ЕВОЛУЦИЈА
Дали знаевте дека Хомо Сапиенсот еволуирал во модерниот човек во исто време, кога нашите предци се населиле во близина на водата, на брегот на морето и почнале да јадат морска риба? Оваа пресвртница во човечката еволуција во никој случај не настанала случајно: омега 3 масните киселини, а особено содржината на ДХА во „морската храна“ придонеле за зголемување и сложеноста на човечкиот мозок, а со тоа одиграле и значајна улога во развојот и подобрувањето на нашите ментални, бихевиористички и моторни вештини. Ова е една од најважните причини зошто е толку важно фетусот, како и доенчињата и децата на рана возраст да примаат доволни количини на ДХА за нивен правилен развој.

ЗОШТО ВИСОКАТА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ДХА Е ВАЖНА?
Денешните истражувања се сè повеќе фокусирани на точното одредување на релативните пропорции на концентрациите на ДХА (докозахексаноична киселина) и ЕПА (еикозапентаноична киселина) во омега-3 масни киселини, а откриено е дека ДХА има поважен придонес во развојот на мозокот, очите и нервите клетки. ДХА е клучна за правилен развој на мозочните функции и видот. Може да помогне во подобрувањето на когнитивните функции кај децата, а со тоа и за нивната подобра меморија и способност да се фокусираат, да учат и да решаваат различни проблеми. Воедно се препорачува и за децата со синдром на дефицит на внимание. Кај бремените жени може да помогне да се намали ризикот од предвремено породување.

„ANTI-AGEING“ ЕФЕКТ НА ОМЕГА 3 ВРЗ МОЗОКОТ
Се разбира, одржувањето на здравјето на нервниот систем е неопходно за секого, не само за децата. Исто така е од особено значење во староста, за да можат да ја забават менталната деградација. ДХА, исто така, има одреден ефект против стареење на мозокот. Придонесува за нормално функционирање и зачувување на здравјето на нервниот систем, како и подобрување на видот. Има големо значење за брзо размислување и способност за решавање проблеми, а придонесува и за подобра меморија. Суплементација со омега-3 може да го одложи процесот на намалување на менталните функции, да го превенира развојот на сенилност и деменција, а исто така може да помогне во намалување на симптомите на депресија и појавата на негативни мисли.
ЗАШТИТА НА КЛЕТКИТЕ НА СИТЕ НИВОА
Се разбира, не треба да заборавиме дека омега-3 масните киселини не делуваат само во нервните клетки, туку учествуваат и флексибилноста на сите останати клетки. Колку се пофлексибилни клетките, толку имаат поголема улога во поддршка на имунолошкиот систем во борбата против патогените микроорганизми. Омега-3 масните киселини можат ефикасно да помогнат во намалување на воспалението. Тие дејствуваат не само директно против симптомите на воспаление, како што е болката, туку и индиректно помагаат превентивно во спречување на хроничното воспаление. Како резултат на тоа, тие можат да играат улога во подобрување на сензитивноста на инсулин, како и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Покрај тоа, придонесуваат за нормална функција на срцето, како и одржување на здравото ниво на холестерол.
И покрај многуте предности, се чини дека морските риби не многу често се наоѓаат на трпезата на луѓето во западниот свет. Шокантно, истражувањата откриле дека содржината на ДХА во мајчиното млеко драстично опаднала во последните 30 години.
Имајќи ги предвид овие податоци и општите здравствени проблеми, новиот омега-3 производ на CaliVita, Nordic Pure Omega 3 Liquid е збогатен со поголеми количини на сооднос на ДХА. Новиот производ е во течна форма и има пријатна природна арома на лимон.

ЕДНОСТАВЕН И БЕЗБЕДЕН
Рибното масло во Nordic Pure Omega 3 Liquid потекнува од исклучително чист извор, истото е добиено од свежа риба уловена во Северното Море од крајбрежјето на Исланд. Во однос на содржината, тој е едноставен и безбеден: не содржи други активни состојки, вештачки адитиви или конзерванси и нема додаден шеќер, додека во исто време е направен да ги зачува сите вредни хранливи материи што се наоѓаат во рибиното месо, како што се, на пример, витамините А и Д.
УПОТРЕБАТА Е ВИСТИНСКО ЗАДОВОЛСТВО
Благодарение на течната форма со одличен вкус, лесно е да се дозира и консумира, а употребата е вистинско задоволство. Може да го употребуваат и млади и стари. Тој нуди безбедна алтернатива за секој што има проблеми со голтање таблети и капсули или џвакање таблети од желатин.



Напишете коментар