
Како што повеќето од Вас знаат, дојдовме до многу важен момент во 2021 година. Calivita наполни 30 години! Тешко е да се поверува сето ова бидејќи моето чувство е како вчера се да започна. Имаме многу колеги и членови кои се со нас уште од почетокот. Да се видат промените и личниот раст кој тие го почувствувале во овие 30 години е многу значајно за мене.
Иако ова писмо ќе се појави во магазинот во септември, го пишувам ова во јуни кога повеќето од Вас се на годишен одмор. Земајќи ги предвид проблемите со кои се сретнавме во годината која помина, патувањата и викендите кои се дозволени ова лето се повеќе од заслужени.
Се надевам дека, додека сте на годишен одмор, имате на ум дека Вашиот имунитет не смее да биде на одмор исто така. Имунитетот на секого има потреба од поддршка со високо квалитетни додатоци во исхраната, без разлика за кое време од годината разговараме. Запомнете го ова и останете здрави!
Да се вратиме на 30-тиот јубилеј. Се надевавме на голема организација во есен, за да ги славиме нашите заеднички успеси и да ја претставиме нашата нова Златна Палма менаџерите Нора и Чонгор Ракоци. За жал, поради сè уште присутната пандемија, менаџментот одлучи да го одложи овој настан за пролет 2022 година, кога ќе прославиме јубилеј 30+1 година.
Ова не значи дека CaliVita нема да го одбележи и овој момент. Неуморно работиме на редизајнирање на логото на web страната на CaliVita, нови линии на производи, комплетен редизајн на пакувањето на нашите производи, како и обновени и дополнети, модерни алатки за комуникација со социјалните медиуми. Следете не бидејќи ќе има многу интересни работи кои ќе се објават во следните неколку месеци.
За мене, беше чест и привилегија да ја водам оваа компанија и да Ви служам во минатите 30 години. Заедно им помогнавме на милиони луѓе да бидат со добро здравје и да живеат поквалитетен живот додека пак многу од нив успеале да достигнат и финансиска слобода. Ви благодарам за напорната работа и посветеност, како и на моќта која ја има нашата CaliVita заедница. Знаеме дека сме спремни да ги отпочнеме следните 30 години со нов, свеж стил и подобрено чувство на корисност. Сигурен сум дека следните 30 години ќе бидат поголеми и подобри од првите кои сега ги славиме.
Како што сите знаеме од нашето заедничко и споделено искуство, Заедно Можеме Сè!

Gerry Hargitai
Основач и претседател

Напишете коментар