Спремете се за напад од патогените!

Настаните во последнава година ни докажаа дека грижата за здравјето и имуниот систем е од витално значење ако сакаме да живееме квалитетен живот како и да го спречиме настанувањето на инфекции. Покрај старите таканаречени „традиционални“ патогени кои до сега ни беа добро познати, оваа есен очекуваме напади и на други. Затоа е добра идеја да се зајакне нашата одбрана со помош на витамини, минерали и лековити билки, кои веќе ја имаат докажано својата ефикасност.

ВИТАМИН Ц

Витаминот Ц има повеќе корисни својства, но што е најважно, тој е докажан партнер кога е во прашање превенција од настинка и грип – или нивно ефикасно совладување доколку веќе сме ги добиле. Витаминот Ц му дава дополнителна поддршка на нашиот имун систем, зголемувајќи им ја способноста на белите крвни зрнца да ги убијат бактериите и вирусите.

Истражувањата покажуваат дека оние кои имале навика да земаат поголеми количини витамин Ц пред да добијат симптоми, имале поблаги симптоми и полесно закрепнале од настинката или грипот во однос на другите. Ова ни сигнализира дека е добра идеја да се зема поголема доза од овој витамин, како ефикасно средство за превенција.

ВИТАМИН Д

Витаминот Д е одамна познат како ефикасно средство за јакнење на имунитетот. Затоа не е чудно што се препорачува за спречување на настинки и други респираторни инфекции. Исто така е познато дека ја зголемува одбранбената способност на организмот од респираторните патогени отежнувајќи им го преминот низ слузницата преку зголемување на дејството на лимфоцитите и така го штити организмот од нив.

Но, тоа не е единствен начин на кој витаминот Д може да биде од корист. Кога некој ќе се разболе, телото реагира на тој начин што развива воспаление. Витаминот Д може да го намали нивото на супстанциите кои се одговорни за воспаление и со тоа го спречува нивниот натамошен

развиток и влошување на состојбата. Тоа е од витално значење бидејќи е утврдено дека зголемена концентрација на про-воспалителните цитокини кои телото ги произведува во таканаречената „цитокинска бура“ игра важна улога кај тешките случаи кога доаѓа со системско колабирање на организамот.

Постојат и други истражувања кои укажуваат дека соодветното ниво на витамин Д има важна улога во тоа како ќе се одвива текот на заразната болест. Ниско ниво на витамин Д пронајдено е кај пациенти со тешко воспалување на бели дробови, сепса (т.н. труење на крвта), нарушувања во метаболизмот, срцева инсуфициенција па дури се поврзува и со зголемен ризик од смртен исход. Од сето ова може да се заклучи дека недоволното ниво на витамин Д може да има влијание на развитокот и напредувањето на тешки вирусни инфекции.

ЦИНК И СЕЛЕН

Од сите олигоелементи цинкот и селенот се најголеми поддржувачи на имунитетот.

Соодветниот внес на цинк ја намалува способноста за размножување на бактериите одговорни за воспалување на белите дробови, а исто така може да го спречи влезот, адхезијата и размножувањето на повеќе видови патогени кои се одговорни за респираторните инфекции. Ове е и најверојатно причината поради која се претпоставува дека цинкот има значајна улога во брзо оздравување на пациентите, како и за поблаги симптоми во тек на респираторните инфекции. Од друга страна, недостатокот на цинк го ослабува имуниот систем и доведува до зголемување на ризикот од развивање на инфекции на горните дишни патишта.

Селенот пак се нарекува и „контрацептивно“ средство за вируси, бидејќи ја спречува репликацијата и репродукцијата на патогените во организмот.

Според епидемиолошките истражувања за грипот од пред неколку години, тој напредувал во земјите во Европа каде што луѓето имале ниско ниво на селен. Со оглед на фактот дека содржината на селен во земјиштето е ниска, а со тоа и во намирниците во последниве децении, навистина е потребно да се прати нивото на селен.

БОЗЕЛ

Многубројни студии го издвојуваат бозелот поради специфичните способности за ублажување на симптомите на грип и скратување на времетраењето на вирусните инфекции (дури и за четири денови!). Врз основа на овие студии се претпоставува дека може да се намали количината на лекови потребни за ублажување на симптомите и спречување на компликациите. Покрај тоа во комбинација со ехинацеа, бозелот го јакне имуниот систем и нашите одбранбени механизми во борба против вирусот на грипот намалувајќи го неговото ширење и спречувајќи бактериски инфекции кои може да се развијат како дополнителни компликации во тек на вирусната инфекција.

КВЕРЦЕТИН

Кверцетинот е флавоноид што се наоѓа во лушпите на овошјето и зеленчукот. Има повеќе корисни дејства врз здравјето и имунитетот: поседува антиоксидантни својства, а исто така и на повеќе начини делува во борба против инфекциите. Не само што го поддржува и регулира функционирањето на имуниот систем, туку има и широк спектар на антипатогено дејство. Има способност да го намали нивото на проинфламаторни цитокини и да помогне во спречување на згрутчување на крвта.

Едно истражување, што ги опфатило физички способните пациенти постари од 40 год., покажало дека тие што зеле големи количини кверцетин, имале поблаги симптоми и побрзо закрепнале од инфекциите на горните дишни патишта.

МАЧКИНА КАНЏА

Мачкината канџа е растение кое се користи во народната медицина во Јужна Америка повеќе од две илјади години како средство за јакнење на имунитетот, против воспаленија и како средство за превенција и лекување на инфекции.

Треба да се внимава, бидејќи со правилната исхрана, здрав начин на живот и редовно внесување на витамини и минерали може значајно да се зајакне одбраната на организмот против влијание на штетните патогени!

Извори: Zhou W., Mao S., Wu L., Yu J. Association Between Vitamin D Status and Sepsis. Clin. Lab. 2018, 64, 451–460. Zhou Y.F., Luo B.A., Qin L.L. The association between vitamin D deficiency and community-acquired pneumonia: A meta-analysis of observational studies. Medicine 2019, 98, e17252.Ganji V., Tangpricha V., Zhang X. Serum Vitamin D Concentration >/=75 nmol/L Is Related to Decreased Cardiometabolic and Inflammatory Biomarkers, Metabolic Syndrome, and Diabetes; and Increased Cardiorespiratory Fitness in US Adults. Nutrients. 2020;12:730. Quercetin supplementation and upper respiratory tract infection: Arandomized community clinical trial – Heinz, S.A.; Henson, D.A.; Austin, M.D.; Jin, F.; Nieman, D.C., Pharmacol. Res. 2010, 62, 237–242.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑