
Веројатно сте се нашле во ситуација да погледнете слика од вез најпрво одзади, а дури потоа предниот дел („лицето“), каде ќе видите навистина убава и привлечна слика. Ги живееме нашите животи исто како и таа задна страна на сликата со вез. Многу сложени нишки, кои на почетокот не личат на ништо убаво и вредно, но нашите нишки се обликуваат со текот на времето и ја формираат сликата за нашите животи. Дали ќе ни помогне ако може да видиме некои правила и патеки? Дали постои можност да се најдат причинско-последователни врски и правила? И дали „share“ маркетингот може да ни помогне во тоа?

Моќ за подигнување на свеста за следење на маркетингот
Оние кои имаат успех во „share“ маркетингот често велат дека една од најголемите предности на овој бизнис е личниот развој. Овој бизнис модел не учи на претприемачки став, во кој пак не се презема некој поголем финансиски ризик. Многу пати таквиот став генерира поголема отвореност, ги подобрува вештините за решавање проблеми и овозможува поголема финансиска интелигенција.
Мора да имаме на ум дека во многу случаи она што сме го научиле од семејството и формалното образование се подготовка да бидеме вработени. Некој што ќе одлучи да работи, бара работа што не бара инвестирање и преземање ризици, каде најважните аспекти за него се сигурноста и фиксната месечна плата.

Покрај вработените, можеме да разликуваме и самовработени лица. Тоа се оние кои сакаат да имаат поголема контрола над својот живот и да имаат поголема толеранција кон ризиците. Фактот дека тие се свои шефови е многу поважна од безбедноста. Што се однесува до нивните месечни примања, тие прифаќаат дека нивниот приход варира, што може да биде повеќе или помалку во зависност од извршената работа. Во CaliVita имате можност да се самовработите со поповолни услови од другите традиционални опции за самовработување.
Секој може да биде вработен и самовработен во исто време. Но, една клучна работа важи и за двете: заработувате само ако работите.
Роберт Киосаки (Robert Kiyosaki) вели дека луѓето ги делиме на две групи според приходот. Првата група ги заработува своите пари со свој труд; додека другата група генерира приход преку средства и системи од кои можат да заработат пари дури и кога поединецот активно не работи со нив. Тоа е илустрирано во познатиот „Cashflow“ квадрант.

Вработен или самовработен?
На левата страна од „Cashflow“ квадрантот на Киосаки можете да видите вработени и самовработени луѓе кои во двата случаи работат многу напорно за своите пари. На десната страна од квадрантот се сопственици на бизниси и инвеститори. На многу луѓе им изгледа невозможно да се движат од лево кон десно во квадрантите со своите улоги во заработката. Овде можеме да ја видиме причинско-последичната врска. Ако работиме како вработени или сме избрале да бидеме традиционално самовработени за да заработиме пари, секогаш мора да работиме.
Работата во CaliVita одговара на десната страна од квадрантот, бидејќи истата се поистоветува со сопственикот на бизнис. Овој дел е тешко да се види и замисли доколку гледате од страна на вработен. Многу пати, оние кои се самовработени можат ова да го видат многу порано од другите. Покрај тоа, како што се напредува во „share“ маркетингот, ќе видите дека најголемите резултати не се постигнуваат преку сопствената работа; туку преку групата со којшто се соработува и се менаџира.
Дури и Рокфелер го тврдел истото: „Претпочитам да имам 1% добивка од заработката на 100 луѓе околу мене, отколку 100% од моја лична работа“.
CaliVita нуди бизнис модел во кој се обезбедува пасивна заработка доколку имате добро развиена мрежа. Според Киосаки, целта на овој квадрант (во кој се наоѓа CaliVita) е да имате средства што ќе носат приход, дури и доколку активно не работите. Во овој случај, тие средства, таа алатка е „share“ маркетингот. Ако сте успеале да изградите мрежа, тоа значи дека сте ја мултиплицирале својата работа како и заработка. Тоа е убавината на овој бизнис модел, но многумина тоа не го гледаат. Што е тоа што ги спречува да постигнат успех?

Препознајте ги Вашите можности!
Хирум Смит (Hyrum Smith) вели дека сите ние имаме таканаречен прозорец на верба. Тој прозорец е секогаш пред нашите очи, тој е како очила, каде и да погледнеме, преку нив го гледаме целиот свет. Ако на тој прозорец на верба пишува „Одете и најдете работа“, тогаш сигурно нема да може ја се препознае CaliVita бизнис можноста, туку само левата страна од „Cashflow“ квадрантот ќе биде видлива низ тие очила. Ако прозорецот на верба ни кажува дека секако мора да работиме за заработка, нема да може да се препознае можноста за пасивен приход, што го нуди „Share“ маркетингот.
Доброто во прозорецот на верба е што може да им се прикаже на другите луѓе она што Вие го гледате, без да ги критикувате доколку не се сложуваат со Вашето гледиште. Во многу случаи, потенцијалните клиенти имаат лажна слика за „share“ маркетингот поради неговото лошо презентирање и / или недостаток на информации. Со цел да се прикажат вистинските обрасци и брзо да се најдат причинско-последователни врски, едноставните илустрации функционираат многу добро. Нацртајте го и објаснете „Cashflow“ квадрантот и во многу случаи на овој начин ќе напредувате!
CaliVita бизнис можност
CaliVita нуди бизнис можност што е поставена во десната страна во „Cashflow“ квадрантот, каде со овој модел може да се направи пасивна заработка и да постигне финансиска сигурност без да се вложуваат значителни финансиски средства и да преземат поголеми ризици. Неспорно е дека треба да се работи за да постигнат посакуваните резултати, но оваа бизнис можност не треба да се пропушти бидејќи никогаш не се знае дали ќе се отвори нов прозорец на верба. Пробајте да ја видите големата слика и да донесете добра одлука за да преземете храбри чекори. Со CaliVita сето тоа е возможно и секогаш се цели кон победата!
Препорачано: Robert T. Kiyosaki: Rich Dad’s CASHFLOW Quadrant
Hyrum Smith: 10 Natural Laws of Successful Time and Life Management

Напишете коментар