
Како што започнува студената сезона, работите понекогаш изгледаат малку досадно и мрачно. Не е ни чудо што понекогаш во текот на есента и зимата се чувствуваме, како што велат, под влијание на времето. Етеричните масла се природен лек кој помагаат во борбата против таквите чувства со тоа што позитивно влијаат на Вашето расположение. Меѓу другото, исто така се верува дека тие го намалуваат стресот, ја подобруваат циркулацијата на крвта, па дури и имаат детоксикативно дејство.

Богатствата на природата кои биле во служба на нашите предци
Етеричните масла веќе биле користени од античките култури во религиозни обреди, како и за козметички и лековити цели.
Античките Египќани биле првите што го проучувале и го користеле она што денес го нарекуваме ароматерапија. Поради жешката и сува клима во нивната матична земја, употребата на (есенцијални) масла за нега на кожа на овие луѓе многу им помогнало како ефикасна поддршка за нивното здравје и како лекови за разни видови заболувања. Мумиите на древните египетски фараони сведочат, меѓу другото, и за антибактериските ефекти на етеричните масла.
Палењето на темјан и употребата на смирна, со нивниот мирислив чад и карактеристичен мирис, многу време е познато во еврејската традиција, каде што тие им припишуваат смирувачки ефект.
Пишаните записи на познатиот арапски лекар од 10 век, Авицена (Avicenna), кој заедно со Хипократ, се смета за „татко на медицината“ сведочат за неговата способност да дестилира ароматични екстракти и истите да ги користи за лекување.

Во времето кога чумата го погодила Тулуз во 1630 година, четворица крадци биле забележани дека влегувале по куќите на мртвите, но за чудо не заболеле од болеста. Кога конечно биле фатени и осудени на смрт, им било понудено помилување под услов да ја споделат својата тајна. Приказната вели дека нивната тајна била следната: тие ги триеле своите тела со вински оцет натопен со жалфија, мајчина душица, оригано, лаванда, рузмарин и голем број други ароматични билки. Овие растенија, всушност, се познати по своите антибиотски својства. А што се однесува до рецептот на „Четири крадци со оцет“, како што ги нарекувале, истиот бил вклучен во Француската фармакопеја (книга за лекови) како официјален лек до крајот на 19 век.
Терминот „ароматерапија“ за првпат го користел францускиот хемичар Рене-Морис Гатефосе (René-Maurice Gattefossé) во неговата книга со истиот наслов, објавена во 1937 година. Откако сериозно ја повредил раката во експлозија во фабрика за парфеми, Гатефосе веднаш на изгореницата нанел масло од лаванда на коешто лежел по самата експлозија. Тој бил воодушевен од тоа што открил дека раната не само што не се заразила туку и зараснала без да остави лузна! Ова искуството го натерало хемичарот да продолжи да ги проучува уште повеќе етеричните масла. Денес, Гатефосе е познат како татко на модерната ароматерапија, чија популарност постојано расте низ целиот свет.

Етерични масла – за модерна рамнотежа на нашите ум и тело
Можеме со сигурност да кажеме дека етеричните масла отсекогаш се присутни: ги користиме во дифузер, ги испаруваме и ги вдишуваме; сакаме да додаваме неколку капки во водата за капење или масло за масажа од време на време, а некои од нас дури ги нанесуваат како облоги.
Препознавајќи ги поволните ефекти на природните богатства, CaliVita наскоро ќе Ве изненади со сосема нов асортиман на органски етерични масла со висока чистота и со врвен квалитет. Како дополнување на веќе познатиот производ Oregano Oil, оваа палета на производи ќе се дополни со релаксирачко масло од лаванда за ефикасно ослободување од стрес, освежувачко масло од лимон за стимулација и темјан, скапоцената билка добро позната од античко време.
Направете и Вие избор од новиот асортиман на CaliVita, етерични масла со врвен квалитет, како би можеле од прва рака да ја почувствувате нивната моќ и да создадете совршена рамнотежа за Вашиот ум и тело!

Дали знаевте дека етеричните масла не се само мирисливи билни екстракти, туку и дел од одбранбените системи, „имунолошки системи“ на растенијата од кои се добиваат? Всушност, тие им помагаат на растенијата од кои се извлечени да останат здрави и ги штитат од паразитите. Значи, запомнете дека користењето етерични масла не е само добра идеја, бидејќи ослободуваат прекрасен мирис, туку и затоа што го подобруваат одбранбениот систем на растенијата, а може да ја искористите оваа нивна моќ за да го заштитите сопственото здравје и здравјето на Вашето семејство!




Напишете коментар