
За да може човечкото тело да функционира здраво и оптимално, потребно е редовно и континуирано снабдување со витамини и минерали. Ова е уште поважно за врвните, професионални спортисти. Редовната интензивна физичка активност ги зголемува дневните потреби за енергија, како и макро и микронутриенти, вклучувајќи витамини и минерали.
СО ИСХРАНА КОН ПОБЕДА
Физиолошките процеси зад одличните перформанси се поддржани од голем број витамини и минерали. Соодветното снабдување со микронутриенти, како и постојаното следење на состојбата на организмот – може да им помогне на спортистите рано да ги откријат сите недостатоци и со тоа да ги намалат потенцијалните штетни ефекти. Важно е да се истакне дека недостатокот на микронутриенти е поврзан и со појава на повреди.
Витамините играат важна улога во сите фази на метаболистичките процеси во телото како што се: синтеза на хемоглобин, одржување на обликот и здравјето на коските, зглобовите и мускулите и нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Покрај тоа, витамините играат активна улога во одбраната на телото од оксидативен стрес. Тие помагаат за обновување на мускулното ткиво не само по натпревар и интензивен тренинг, туку и после здобиени повреди.
Редовната, интензивна физичка активност, постојаните интензивни вежби, се исклучителен физички товар за телото и тоа во голема мера ја менува потребата на телото за витамини. Количината и квалитетот на микронутриентите од консумираната храна имаат клучен ефект врз перформансите. Во ваков случај не е можно да се задоволи зголемената потреба на организмот само со редовна исхрана, туку и додатоците во исхраната имаат важна улога. Ова е токму причината зошто тие станаа незаменлив дел од исхраната на спортистите.
Премиум производите на CaliVita тестирани од акредитирани аналитички лаборатории, се сертифицирани дека не содржат супстанции за подобрување на перформансите. Тие можат да им помогнат на сите спортисти да извлечат максимум од себе и да се претстават во нивното најдобро светло.
ВИТАМИН Ц ЗА ИЗДРЖЛИВОСТ
Витаминот Ц е ефикасен против губење енергија и замор за спортистите и на сите оние кои вршат тешка физичка работа, тој всушност е корисен за сите нас, бидејќи им помага на крвните садови, коските и ’рскавицата да останат здрави. Тој исто така игра улога и во нормалната синтеза на колаген. Покрај тоа, го поддржува нормалното функционирање на нервниот систем за време на натпревар и во други стресни ситуации.
C1000 Plus на CaliVita со мега доза на витамин Ц со продолжено дејство и шипка од органско потекло, која дополнително ги подобрува неговите корисни ефекти – ја поддржува оптималната работа на телото не само на спортистите, туку и на сите нас, така што сите можеме да бидеме во одлична форма.
ВИТАМИН Д ЗА СОВРШЕНА РАБОТА НА МУСКУЛИТЕ
Сите ние сме веќе запознаени со поволните ефекти на витаминот Д врз нашето општо здравје и благосостојбата на организмот. Според најновите истражувања, витаминот Д е подеднакво важен и за добрите перформанси на спортистите. Претходните истражувања покажаа дека индивидуалните перформанси на спортистите биле најдобри кога имале добро ниво на витамин Д, а нивните резултати опаднале заедно со неговото намалување. Ова значи дека е потребно соодветно дополнување на витамин Д за да можат спортистите да постигнат подобри резултати и да имаат добра физичка кондиција. Спротивно на тоа, ниското ниво на овој вреден витамин е поврзано со намалена мускулна сила, слаба физичка функција и проблеми со мускулите и болки коските.

Факт е дека витаминот Д може да ја зголеми големината, како и бројот на мускулните влакна, а истражувањата исто така покажале поврзаност помеѓу нивото на витамин Д со работата на мускулно- скелетниот систем кај повозрасните лица. Покрај тоа, соодветен внес на витамин Д, исто така, ја поддржува регенерацијата на мускулите.
Но, витаминот Д не е корисен само за работа на мускулите. Многу повреди предизвикани од спортска активност произлегуваат од замор или стрес, тоа се таканаречените фрактури на стрес и замор. Истражувањата за причините за фрактури на стрес и фрактури на замор укажуваат на тоа дека една од причините за овие повреди е недостаток на витамин Д.
Со оглед на долгата листа на позитивни ефекти што ги наброивме погоре, се чини дека е навистина добра идеја спортистите да го следат внесот на витамин Д со посебно внимание. Лесни за дозирање и практични за носење, во спортска торба, вкусните капки D-drops на CaliVita се идеален избор доколку активно се занимавате со спорт.

МИНЕРАЛИ ЗА ОДЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ
Во човечкото тело не постои процес за кој не е потребен минерал за да функционира нормално. Лабораториското тестирање на олимписките спортисти во 2021 година откри сериозен недостаток на елементи во трагови кај повеќето испитаници. Бакарот е издвоен како еден од оние што им недостасува на спортистите, а причината за тоа може да биде тоа што телото губи многу од него преку потење. Со лачење на три до четири литри пот, телото може целосно да го загуби целиот дневен внес на бакар. Замислете само спортист кој тренира интензивно во текот на летото колку лесно го губи овој елемент.
Но, тоа не е единствената причина зошто треба да ја надоместите загубата бидејќи со потење телото губи и други важни минерали, што на крајот може да доведе до сериозни проблеми за спортистите и да ги наруши нивните перформанси.
Минералниот комплекс на CaliVita, Power Mins, ги содржи десетте најважни минерали, вклучувајќи и бакар, кои се неопходни за секојдневно правилно функционирање на Вашето тело. Благодарение на Power Mins, не само спортистите, туку и сите ние можеме да имаме контрола над виталните функции и лесно да го обезбедиме дневниот внес на есенцијални витамини и минерали за нашиот организам, земајќи само две таблети дневно.

Направете избор од широкиот спектар на сигурни и квалитетни производи на CaliVita за одлични перформанси и споделете ги Вашите искуства со пријателите и другите спортисти!
Дали знаевте дека производите на Calivita, покрај останатите корисници, ги користи добитникот на златна олимписка медала балинт копаз (Bálint Kopasz)? Семејството Копаз се членови во мрежата на Calivita веќе 30 години!





Напишете коментар