Превенција од летни стомачни тегоби

Млечните производи не се доволни да не заштитат од штетните микроби, бидејќи тие не содржат доволен број на проибиотски бактерии. Тие содржат пред сè ацидофилни бактерии кои не можат да го преживеат долгиот пат од устата до дебелото црево, каде се неопходни, за разлика од пребиотските култури кои го можат тоа.

Значењето на пробиотиците од цревата е тоа што произведуваат колицин (colicin) кој неповолно делува за развој на потогените:

1. Го штитат организмот од инфекции и автоимуни болести;

2. Ја помагаат работата на цревата и апсорпцијата на хранливите материи: преработката на влакна за истите да можат да се апсорбираат, создаваат витамин Б и К од храната која ја консумираме, го помагаат варењето на млекото, учествуваат во разградбата и апсорпцијата на лековите;

3. Помагаат во обновување на цревната флора после лекувањето со антибиотици или пак разни инфламации;

4. Најновите испитувања покажуваат дека влијаат на работата на мозокот и однесувањето (микробиом-гени кои ги носат).

Значење на пребиотицитe

Главно тоа се сложените јаглехидрати, како што е чистиот инулин од цикорија, псилиумските влакна од тропски тегавец и други олигосахариди (OPC) кои несварени од страна на ензимите за варење ќе стигнат до дебелото црево.

Со дневната консумација на 1,5-2 кг храна, доаѓа и дом опасност од разни отрови и патогени организмот кои, заедно со големата количина на безопасните антигени, значајно влијаат на нервниот имунолошки систем.

Улогата на органите за варење е да ја разградува храната до најмалите состојки и да ги апсорбира нутриентите од кои организмот може да има корист, но истовремено ги исфрла материите кои се потенцијално ризични по здравјето. Голем дел од имунолошкиот систем сместен е во клетките на гастроинтестиналниот систем и лимфните чворови на стомакот.

Бактериите во органите за варење се неопходни за неговата нормална функција, но сепак некои можат да бидат и потенцијално патогени (кандида), а многу често и патогено – штетни. Дисбиозата се појавува која рамнотежата на цревната бактериска микрофлора (микробиоти) е нарушена, односно кога „добрите“ и „лошите“ бактерии не се во рамнотежа, што пак може да предизвика метаболички и имунолошки одговор кај домаќинот.

Нарушената микробиота е резултат од комбинација на стрес и исхрана со намален внес на прехранбени влакна, претеран внес на шеќери и заситени масти и храна богата со трансмасни киселини од рафинирани масла. Во денешницата, наведената комбинација на т.н. „западна исхрана“ е за жал и составен дел од животниот стил на голем број луѓе.

Цревните инфекции во летниот период се многу чести

Високите температури за време на летните месеци исто така ја зголемуваат можноста од појавата на инфекции, како вирусни така и бактериски. Помеѓу 20-50% од луѓето се погодени од некаков облик на стомачни тегоби, посебно при планираните или непланирани патувања. Причинители може да бидат бактерии, вируси или паразити и токсините кои тие ги произведуваат. За нивна превенција и намалување на тегобите неопходна е и се по популарната суплементацијата со пребиотици и пробиотици.

Проблемите најчесто се јавуваат заради консумирање на контаминирана храна, вода или поради директен контакт со заболен. Преносот се врши и со нечисти раце. Последиците од инфекциите се најчесто повраќање и диареа, а на нив подеднакво се подложни како децата така и возрасните.

Мораме да бидеме свесни дека и актуелниот корона вирус (COVID-19), со кој реално и живееме во денешницата, дава дополнителна тежина за која треба зголемено внимание во лето, а знаеме дека истиот може да предизвика и стомачни тегоби. ImmunAid и ParaProteX се дел од производите кои што би требало да ги имаме во домашната аптека дури и во летниот период, бидејќи истите докажано му помагаат на организмот во одбрана и подобрување од штетните патогени.

За пробиотиците до сега многу имаме зборувано и пишувано, меѓутоа, зголеменото ниво на заштита на здравјето на органите за варење, но и целиот организам се добива преку комбинацијата на пробиотици и пребиотици кои претставуваат релативно нови производи кои пак се нарекуваат симбиотици. CaliVita International во својата палета ги има Ac Zymes Plus капсулите, Probio Balance таблетите за жвакање како и Acidophilus со Psilium капсулите.

Причините за превентивно и куративно коритстење на пробиотиците и пребиотиците

Пробиотските бактерии и пребиотските влакна имаат бројни поволности на системот за варење и општото здравје на човекот, играат важна улога во одржувањето на здравјето на организмот и тоа на повеќе начини.

Особено треба да ја споменеме поддршката на имунолошкиот систем, поради превенција од колонизација на патогени микроорганизми и создавање на нутритивни материи за слузницата: докажано е многу поволното делување кај акутниот гастроентеритис, алергии на храна како и кај атопискиот дерматитис, Кронова болест, ревматоноиден артририс и кај изложеноста на штетни хемикалии.

Пробиотските бактерии ги користат пребиотиците како храна и ги ферментираат во есенцијални аминокиселини и масни киселини, ги обновуваат колоноцитите и создаваат заштитна слуз на дебелото црево. Пребиотиците ја намалуваат pH вредноста и го инхибираат развојот на штетните микроорганизми. Тие исто така ги апсорбираат токсините во органите за варење и ја подобруваат нивната перисталтика, а со тоа и исфрлањето на штетните материи.

Значењето на симбиотиците – комбинацијата на пребиотици и пробиотици

Симбиотиците ги инхибираат воспалителните и канцерогените процеси (GABA), ги намалуваат/ отстрануваат знаците на хиперактицвност и пречувствителност. Посебно треба да се нагласи нивното значење во обновата на цревната слузокожа кај синдромот на иритабилен колон (чувствителни црева), Кронова болест, улцерозен колит, ентероколит, антибиотски и цитостатски терапии, зрачење, односно превентивно или куративно делување кај сите стомачни, но и други тегоби.

Кога и колку долго треба да се користат пробиотиците и пребиотиците?

Земајќи ја во предвид осетливоста на цревните микробиоти кои страдаат од стрес, зачинета храна, адитиви во храната, антибиотици, пестициди и други токсини и штетни микроби во храната и водата, кај хроничните заболувања и лекови кои долго се користат, квалитетните пробиотици можат да се користат секојдневно. Вообичаено е да се користат пред јадење, меѓутоа квалитетните пробиотици од палетата на CaliVita International можат да се користат и после јадење. За време на антибиотска терапија, треба да се земаат два часа пред или по консумирањето на антибиотици.

Прим. Д-р сци. Јарослава Х. Сомборац

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑