Повторно заедно во 2022 година

ЛЕТЕН КАМП CALIVITA

Секојдневно ни пристигнуваат добри вести во кои и покрај сите бескрајни ограничувања, конечно се гледа дека глобалната пандемиска криза доаѓа до својот крај. Тоа ни дава надеж дека сите планирани и непланирани идни патувања ќе бидат реалност.

Иако границите на земјите во регионот и пошироко се отворени за патување, а со тоа туризмот започнува повторно да заживува, организациите на друштвените случувања сè уште се несигурни во целост. На пример, во Грција летната туристичка сезона е започната од средината на Мај, но сепак тамошните власти имаат строги прописи кои ограничуваат, кога се во прашање големите групни случувања.

Како организатори, веруваме дека наша заедничка одговорност е и овој период да го поминеме заедно, но најнапред со фокус на здравјето и безбедноста на сите нас. Затоа после подолго размислување и планирање одлучивме ова лето да не го ризикуваме здравјето и безбедноста на нашите учесници и од тие причини принудени сме повторно да го одложиме Летниот Камп.

Меѓународнот Летен Камп на CaliVita нема да се одржи ниту до 2021 година. Повторно ќе се видиме сите заедно и тоа на општа радост на сите нас во наредното лето 2022 година, повторно во Грција, каде вообичаено ќе не очекува едно одлично дружење и фантастична програма.

Да продолжиме да работиме вообичаено и да се надеваме дека сите поставени датуми во нашиот календар на случувања ќе се остварат и вродат со плод, одлично дружење и многу нови моменти за сеќавање.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑