Мотивација во лето

Бидејќи целата ситуација не наведе да немаме нормален живот, веќе цела една година, како ни се приближува летото сите се надеваме дека се повторно ќе се нормализира. Сите сме во исчекување на квалитетно дружење во сигурна средина со пријателите и семејството.

Некои од нас ќе патуваат, некои можеби и не. За што и да се определите, имајте на ум дека без разлика на тоа дали сте вакцинирани или не и понатаму треба да се почитуваат одредени мерки како и да не заборавиме на здравиот начин на живот. Мора да се внимава на имунитетот, дури и за време на летните месеци, без разлика на вакцинацијата. Летото може да биде одлично само доколку му пристапиме правилно и со одредена доза на внимание.

За време на периодот кој помина, ни стана јасно дека нашиот бизнис може да се гради и on-line. Само затоа што е лето и конечно можете да отидете на долго очекуваниот и секако заслужен одмор, не значи дека треба да ги запоставите своите соработници, потрошувачи или колеги. Иако во поблага верзија, но сепак одржувајте ги контактите со нив и во овие неколку месеци.

Богатството и успехот се градат преку низа на мали работи и во многу чекори. Секојдневните мали одлуки и обврски низ текот на годините можат да доведат до успех и посакувана благосостојба. Значи, разликата помеѓу просечниот живот и успешниот, главно се сведува на мали ситници – одлуки кои ги донесувате и завршувате секојдневно, секако и во овие летни месеци.

Па зошто на поголемиот дел од нас толку ни е тешко да ги направат/завршат тие мали работи, оние секојдневни обврски за кои знаеме дека би требало да ги направиме или завршиме доколку сакаме да си го подобриме животот? Сепак, постои тука и една мала тајна … Тоа нешто што ги саботира Вашите напори, а се наоѓа некаде помеѓу Вашите уши. Да … тоа е Вашиот мозок. Вашиот мозок може да Ви биде најголем непријател или пак најдобар пријател. Вашиот мозок секогаш и по секоја цена сака да ги избегне сите непријатности и каква било неудобност.

Дали мислите дека е лесно да се постигне нешто вредно … или пак можно е да се изгради живот каков што го посакувате без неудобни и непријатни моменти? Да е сè така едноставно и лесно, тогаш сите ние би имале фантастични животни приказни! Но не е така. Нели? Како да се мотивирате за да се носите со секојдневните тешкотии кои Ви се препрека на патот кон успехот?

Многу едноставно … размислите што навистина Ви е важно во животот. На таков начин имате можност да ги поминете сите препреки и тешкотии за да го постигнете тоа што го посакуваат, но само доколку тоа Ви е доволно важно. И да, дури и за време на летните месеци.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑