
Бидејќи убавото време веќе пристигна, можеме да се ослободиме од ограничувањето на сопствениот дом. Да се надеваме дека конечно ќе биде се отворено и без никакви рестрикции и правила на однесување заради пандемијата. Но, и понатаму мораме да бидеме внимателни и да продолжиме да се грижиме за сопственото и здравјето на нашите најблиски – можеби и повеќе од претходно. Врвните додатоци во исхраната од палетата на CaliVita како и козметичките производи кои ги нудиме, достапни ни се низ целата година и можат да Ви помогнат во борбата за заштита на здравјето, но тоа Вие веќе и го знаете од сопствено искуство.

ТАЈНАТА НА АТРАКТИВЕН, ТЕМЕН ТЕН
Здравиот и атрактивен тен можеби е и една од попријатните работи кои ни ги носи самата летна сезона. Но само „можеби“, бидејќи – за да се избегнат изгорениците од сонце и црвенилото и болките по кожата кои следат потоа – морате нешто и да превземете! Еден од најдобрите и најпознатите рецепти е да се започне да се консумира бета каротен пред да се започне со викендите и летниот одмор и да ја изложувате кожата на сончевите зраци. Овој антиоксиданс – кој Вашето тело го претвора во витамин А – се наоѓа, помеѓу останатото, во морковите, тиквата, тиквичките, доматите и др. Но, исто така, достапен е и во вид на гел капсула и може лесно да се консумира како додаток во исхраната. Започнете со земање на една гел капсула Beta Carotene секојдневно, приближно 4-6 седмици пред почетокот на Вашиот одмор и продолжете до неколку седмици откако ќе се вратите на Вашите секојдневни обврски. Овој феноменален антиоксидант и помага на кожата правилно да се спреми за сонцето и да се избори против штетното дејство на ултравиолетовата светлина (UV), помага во спречувањето од настанување на изгореници и брчки. Со друг зборови, Ви овозможува да го одржите здравјето на кожата и чекор по чекор да го добиете посакуваниот тен, кој на ваков начин подолго ќе трае. Понатаму, исто така ги штити и Вашите очи од штетните UV зраци. Меѓутоа, не заборавајте, дека суплементацијата со бета каротен не е замена и потполна заштита од штетните ефекти од сончевата светлина. Иако дава моќна заштита за Вашата кожа, сепак морате да користите и креми или млеко за сончање и заштита и да се придржувате на мерките за заштита од сонце, за Вашата кожа и тело да имаат најголема корист од сето тоа.

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЌТА НА ЛЕКОВИТИТЕ БИЛКИ, ЗА ДА ИМАТЕ НАЈДОБРА ГРИЖА ЗА ВАШЕТО ТЕЛО ОВА ЛЕТО!
Кога ќе помислиме на лето, мислиме на патувања и долго посакуван одмор. Доколку патувате пак, еве неколку наши видувања зошто не треба да ги изоставите на производите од OrganiCare програмата. Гелот за туширање, шампонот и пастата за заби се основа без која не би тргнале на пат, а да ги немате во својот куфер. OrganiCare Fresh Lemon Herbal Toothpaste од неодамна обновен, во својот состав ги комбинира, мајчината душичка, жалфијата, рузмаринот, исландскиот мов и др., за нежно но ефикасно чистење на Вашите заби, водејќи сметка и за Вашите непца, а истовремено да го зачувате и интегритетот на забната глеѓ. Секако, како што е познато, оваа паста НЕ содржи флуор, парабен, вештачки бои, синтетички засладувачи, никел или ментол, како и други хемиски состојки, но затоа пак има силна арома на лимон.
Покрај тоа, не треба да ја заборавите и правилната хидратација за време на летото. Тоа е од витално значење во летните месеци, па покрај гореспоменатиот би требало со себе да имате и лосион за тело и крема за лице кои одговараат на Вашата кожа. Нашиот OrganiCare Anti-Ageing cream со органски состав од лековити билки и хијалуронска киселина, интензивно хидрира, негува и ја смирува кожата на лицето. Илјадници жени го користат континуирано овој производ, бидејќи има потенцијал да ги намали брчките и видливите линии, дури и од првото нанесување. Благодарение на неговата лесна текстура и фактот дека кожата лесно ја впива оваа крема, навистина е сјајна за користење и претставува вистинско задоволство за корисниците.
На крај, највредното, а тука мораме да го споменеме Rescuе Gel, вистинското совршено средство за заштита на кожата, кое стана многу популарно, нудејќи решенија за бројни проблеми кои можат да се појават за време на одмор или во уживање во природа. Без разлика дали зборуваме за инсекти, изгореници од сонце, исекотини или болки кои се јавуваат од физичка природа (исчашување или др.), на дофат го имаме Rescue Gel со својот специфичен состав на лековити билки, може да Ви помогне во секоја ситуација.

ИЗБЕГНЕТЕ ГИ ШТЕТНИТЕ ПАТОГЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТОТО!
Се чини, дека патогените, кои порано се концентрираа за време на поладните месеци, сега веќе се сè по присутни за време на целата година. Иако помина долго време откако ги спакувавме топлите капи и шалови, инфекциите останаа со нас и го отежнуваат секојдневието и во овие летни месеци. Меѓутоа, како дел од одговорниот начин на живот, здравата исхрана со неопходниот внес на витамини и минерали, можат да ги регулираат имунолошките процеси и да го поддржат правилното функционирање и на имунитетот.
Препаратите кои можат да помогнат за тоа се ImmunAid, ParaProtex или некој од комплексните мултивитамински производи кои ги имаме во нашата палета. Овие производи во својот состав ги комбинираат витамините, минералите и активните состојки од билки кои докажано му помагаат на организмот во одбраната и подобрувањето од штетните патогени.
Благодарејќи на нивниот активен состав, не само што го спречуваат влезот и размножувањето на микроорганизмите, туку позитивно делуваат и на имунолошките процеси, додека пак антиинфламаторното дејство кое го поседува ParapProtex, помага во спречување на развојот на инфекциите и ја намалува компликацијата доколку истата се случи.
Време е и Вие да ги применувате премиум производите од палетата на CaliVita, за да имате безгрижно и среќно лето!
Извор: Skin Photoaging and the Role of Antioxidants in Its Prevention – Pandel et al., ISRN Dermatology Volume 2013, Article ID 930164, 11 pages Nutritional protection against photooxidative stress in human skin and eye – Wilhelm Stahl, Helmut Sies, in Oxidative Stress Eustress and Distress Academic Press, 2020 Quercetin supplementation and upper respiratory tract infection: A randomized community clinical trial – Heinz, S.A.; Henson, D.A.; Austin, M.D.; Jin, F.; Nieman, D.C., Pharmacol. Res. 2010, 62, 237–242.







Напишете коментар