
Во денешно време, со стапката на технолошкиот напредок, се повеќе луѓе се фокусираат на „biohacking“ (биохакинг), со цел да го подобрат сопственото здравје и перформанси. Ова значи дека свесно и на база на научни резултати, тие влијаат како нивното тело ќе функционира со цел да го подобрат здравјето и да му пркосат на стареењето. Ова е константно растечки тренд, кој инволвира како скапи медицински интервенции, така и лесни техники кои се користат во секојдневието, како што се на пример топло-ладните туширања. Во разумни мерки, CaliVita исто така Ви помага и Ве поддржува, во различни области со цел да живеете поздрав, подобар и подолг живот!
Зграбете ја секоја можност и живејте долг живот проследен со многу здравје!

Одмор и ментална свежина за зачувување на младоста
Првиот столб на биохакингот е спиењето и менталната свежина. Без разлика дали се преземаат други активности, со самото развивање на навика за добар и квалитетен сон, се добива голем резултат за помлад изглед и подобрен квалитет на животот. Стресот напаѓа неколку области во нашиот живот и има лошо влијание врз здравиот сон. За среќа, во гамата на производи на CaliVita, можете да најдете многу производи кои ќе делуваат за намалување на стресот, како што се на пример Stress Management или Rhodiolin. Овие производи меѓудругото можат да помогнат и да имате подобар баланс во денот како и да го подобрите квалитетот на Вашиот сон.
Со правилен сон можеме многу да придонесеме за менталната свежина, која е незаменлива за младолик животен стил. Во многу случаи, менталната свежина е очекувана од околината бидејќи многу луѓе работат со голем интензитет и во повозрасни години. Производите како што се #boostUp, Energy&Memory или GinkgoXC, Panax Ginseng и некој од палетата на Coenzyme q10 го поддржуваат менталниот перформанс, кој секако е добредојден без разлика на годините на старост.

Вежбање и диета за поквалитетен живот
Спортот и физичката активност се нераздвоен дел од здравиот животен стил. Во нашиот дел од светот, во таканаречените плави зони*, каде луѓето по правило имаат подолг животен век, може да се забележи дека истите имаат секојдневни лесни физички активности.
Ова за нас значи дека треба да се стремиме кон што повеќе движење во секојдневието. Доколку зборуваме за активен животен стил, активни вежби, првата работа што ни доаѓа како мисла е идеални тежини и мускулно зајакнување, но сепак начинот на нашето движење е одреден од здравјето на нашите зглобови, па според тоа сите вежби треба да бидат усогласени според нив. Многу луѓе мислат дека мобилноста на зглобовите е ограничена од годините на старост, но сепак со правилни и редовни вежби, со внимание кон телото и неговите потреби и со правилна превенција, многу од тие несакани проблеми можат да бидат намалени или елиминирани. Производите Joint ProteX / Forte, Curcuma Pro, SharkAid можат да Ви бидат од голема помош при ваквите проблеми, но сепак да не ги заборавиме и Super Soya Lecithin како и Triple-Potency Lecithin.
Од гледна точка на нашето здравје, спроведувајќи диети богати со хранливи материи имаат клучна улога што навистина можеме да ја подобриме на персонализиран начин со суплементите на CaliVita. Може да биде диета според крвните групи (Vital мултивитамините), диета за слабеење (Shake Onе, Slim Formula, Chromium Max 500) или дури и ако сакаме да ја надополниме нашата диета со супер храна (Organic Acai, Purest Sea Essence, Spirulina Chlorella), можеме да видиме дека има решение за сè.
Виталната улога на водата
Доколку некој е навистина освестен за здравјето и неговите придобивки, не внимава само на тоа што го јаде туку и на тоа што го пие. Aquarion9 е уред од втора генерација за јонизирање и прочистување на водата за пиење, која е ослободена од штетни супстанции и произведува јонизирана алкална вода со подобрена pH-вредност а воедно е и силен антиоксидант. Доколку размислиме дека пиеме неколку литри вода дневно, секој ден, тогаш лесно може да се увиди улогата на водата во здравиот начин на живот.
Тајната на убавината која зрачи
Нашиот здравствен статус се рефлектира на нашата кожа, па затоа OrganiCare Anti-Ageing Cream може да даде поддршка на убавината како производ за надворешна убавина. Но тоа што се гледа надворешно мора да се негува и внатрешно, нели … Колку кожата е хидрирана најмногу зависи од количината на водата која се консумира, понатаму пак, исто така треба да се внимава и на храната која се јаде да е пријатна и корисна за изгледаат на кожата. Таквата храна е полна со полинезаситени масни киселини и има висок антиоксидативен степен. Тука може да ги наброиме додатоците како што се Evening Primrose Oil гел капсулите како и Omega 3 капсулите кои имаат многу важна улога, а да не ги заборавиме и антиоксидантите Beta Carotene 9000, производите кои содржат повисоки концентрации на витаминот Ц, и витаминот Е кој пак е познат и како витамин на младоста. Понатаму, во палетата на CaliVita можеме да ги наброиме и комплексните производи, како што се, Beauty Formula и нашето најново скриено оружје #glamUp, револуционерниот пијалак за убавина кој во својот состав содржи високи дози на колаген кој природно помага во намалување на стареењето на кожата.
За крај треба да се спомене дека лесно може да се увиди во кои полиња во секојдневието можеме да си помогнеме за повисок животен квалитет со помош на науката, технологијата и палетата на производи на CaliVita.
*Овој израз прв го користи американскиот новинар Ден Бутнер (Dan Buettner), кој овие зони во светот ги нарекол „плави зони“, места каде што луѓето имаат најдолговечен живот.



















Напишете коментар