Вие сте на вистинското место и ја работите вистинската работа

За време на пандемијата се зголеми побарувањето на диететските суплементи, а се предвидува дека овој тренд ќе се интензивира во наредните години. Потрошувачите стануваат се посвесни и купуваат се поголеми количини на квалитетни витамини и минерали за да подобра поддршка на сопственото здравје и да го подобрат имунитетот. Градителите на мрежи секако би требало да го искористат овој тренд за да го прошират својот бизнис и мрежа!

ПОПУЛАРНОСТ КОЈА РАСТЕ, И ПОБАРУВАЧКА КОЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА

Додатоците во исхраната стануваат составен дел од секојдневието на многу луѓе и ова е тренд кој и понатаму ќе расте. Како резултат на глобализацијата на земјоделството и експлоатација на земјиштата, содржината на хранливите состојки во намирниците кои ги консумираме, драстично се намалени и денес се неспоредливи со оние кои сме ги имале пред само неколку децении. Поради тоа се повеќе луѓе се уверени дека е повеќе од потребно да внесуваат дополнителни количини на минерали и витамини.

Една студија која е направена на Универзитетот во Тексас, во која се споредени повеќе од 40 различни видови на овошја и зеленчуци, односно нивните карактеристики и содржина на хранливи состојки од 1950 година од 1999 година. Истата покажала дека производите кои денес ги консумираме, за време на последните 50 години изгубиле дел од протеините, калциумот, фосфорот, железото и содржини на витамините Б и Ц.

Покрај употребата на вообичаените витамини и минерали како дополнување на секојдневната исхрана, се повеќе се појавува потреба од дополнителни, целни витамини за специјални намени за подобрување на општото здравје – и овој тренд е во се поголем замав. Исто така во пораст е и побарувањето на производи против стареење, а од друга страна голем е и бројот на луѓе кои се соочуваат со низа на здравствени проблеми, кои потекнуваат од „канцеларискиот“ начин на живот и нездравата исхрана. Сите тие бараат спас во суплементите како вистинско решение на своите проблеми, односно од превенција на новонастанати кои би следеле од истите.

ПАЗАРОТ НА СУПЛЕМЕНТИ Е ВО ПОЛН ЕК

Иако со текот на годините се поглем е бројот на луѓе кои се свесни за значењето на здравиот начин на живот, пандемијата очигледно уште повеќе го истакна растот на овој пазар, а истиот ќе има и поголемо влијание во иднина.

Истражувањето на Fortune Business Insights, водечката издавачка и консултантска куќа, предвидува дека глобалниот пазар за додатоци во исхраната – која имаше вкупна вредност од околу 108 милијарди долари во 2019 година, до 2027 година ќе порасне до неверојатни 185 милијарди долари, што претставува раст за 70% за само неколку години!

Впрочем, бројките сè уште поимпресивни на европска територија: европскиот пазар за диететски производи кој во 2019 година имал вредност од 15 милијарди долари, се очекува во наредните седум години да ја дуплира вредноста на 33,8 милијарди долари.

КВАЛИТЕТОТ И СИГУРНОСТ СЕ ДВЕТЕ ВРЕДНОСТИ КОИ СЕ ДЕНЕС ВО ФОКУС

Во последно време, бидејќи моравме да ги намалиме бројот на нашите контакти, поради пандемијата, on-line продажбата се повеќе се зголемува. Интернетот ни го олеснува пристапот до информации, и им помага на купувачите да бидат во тек и запознаени со најновите трендови и производи. Резултат: луѓето имаат тенденција да се одлучуваат се повеќе за високо квалитетни и сигурни додатоци во исхраната од широката понудата која ја добиваат on-line.

CaliVita им нуди на своите корисници висококвалитетни, сигурни производи кои се во склад со барањата на cGMP регулативата. Во сите фази на производниот процес (од изборот, собирањето, проверката и испитувањето на суровините преку дизајнот, креирањето, обработката, испитувањето, пакувањето, етикетирањето и складирањето на производите, па се до самата дистрибуција), се одржува повеќегодишен контакт со партнерите кои се акредитирани добавувачи и се фокусира на акредитирани системи на проверка. Покрај самото производство, кое е наложено и водено според cGMP, тука се и високите стандарди во поглед на хигиената и редовните обуки на работниците, како и услови за работа кои одговараат на целиот процес и употреба на суровини со потврдено потекло, вклучувајќи правилно ракување, складирање и услови за испорака. Покрај тоа, исто така е потребно водење на детални и сеопфатни документации за секоја фаза на процесот, испитување и дистрибуција.

Тоа ни овозможува да бидеме целосно доследни на идејата и Компанијата и во секој момент да го одржуваме високиот квалитет на секоја поединечна серија и секое посебно пакување. На таков начин сигурни сме во нашите производи и бизнис и сигурни сме дека секој производ содржи ни повеќе ни помалку, туку токму тоа што е наведено на салата етикета.

На ваков начин можете да бидете сигурни дека сте на вистинското место и ја работите вистинската работа. Зошто сè уште се мислите дали да ни се придружите? Фокусирајте се на овој раст и тренд и ајде да уживаме заедно во успехот!

CaliVita не нуди само производи од висок квалитет кои се безбедни за употреба: туку Ве повикува максимално да ја искористите оваа бизнис можност и погодностите кои овој пазар ги нуди, а во последно време доживува огромен раст, кој пак според предвидувањата ќе продолжи и во иднина.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑