Внесете омега 3 масни киселини за поголема заштита од инфекции!

Дали некогаш сте помислиле дека омега-3 масните киселини ноќе да помогнат против инфекции?

Корисно би било да знаете дека покрај нивните придобивки за нервниот и кардиоваскуларниот систем, Омега 3 масните киселини се моќно оружје и покажуваат добри резултати во борбата против патогените микроорганизми. Подетално ќе ги објасниме својствата што ги прават погодни за таа цел.

Омега 3 масни киселини:

1. Го спречуваат навлегувањето и размножувањето на патогените во Вашиот организам.

Истражувањата покажаа дека омега-3 масните киселини го зголемуваат капацитетот на одредени бели крвни зрнца да ги „голтаат“ патогените. Утврдено е дека не само што ја подобруваат ефикасноста на белите крвни зрнца, туку го зголемуваат и нивниот број.

2. Обезбедуваат соодветна имунолошка функција.

Омега-3 масните киселини се способни да дејствуваат како имунолошки модулатори. Со други зборови, тие се способни да ја регулираат имунолошката функција по потреба. Благодарение на оваа способност, тие може да се препорачаат и при одредени автоимуни состојби.

3. Имаат антиинфламаторни својства.

Исхраната богата со омега-3 масни киселини го спречува развојот на воспалителни супстанции во Вашиот организам после повреда или инфекција. Всушност, овие масни киселини играат важна улога во регулирањето на воспалителните процеси и имаат моќ да влијаат на имунолошката реакција.

4. Може да помогнат да се спречи цитокинска бура.

Омега-3 масните киселини го намалуваат создавањето на воспалителни агенси, вклучувајќи ги и цитокините, а во исто време го поттикнуваат развојот на антиинфламаторни супстанции. Тоа значи дека тие може да влијаат на развојот, на сериозноста и на компликациите на болестите

5. Помагаат пациентите да закрепнат побрзо.

Бидејќи се способни да ги регулираат воспалителните процеси и можат да го инхибираат размножувањето на патогените, омега-3 масните киселини помагаат пациентите побрзо да закрепнат и со помалку несакани последици.

6. Обезбедуваат здраво функционирање на клетките.

Омега 3 масните киселини се составен дел од клеточната мембрана и ја прават пофлексибилна и со тоа ја подобруваат комуникацијата помеѓу клетките, овозможуваат брз и соодветен одговор. Врз основа на сето ова може да заклучите дека исхраната богата со омега 3 масни киселини е многу важна за заштита на организмот од инфекции. Затоа, за Вашите најблиски, одберете квалитетни производи кои ќе им помогнат полесно да ја поминат сезоната на настинки.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑